Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GST 700 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 135

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GST 700 Professional:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) држете го притиснат и турнете ја
блокадата (1) кон десно или лево.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е
блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (3) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Доколку обработувате мали или тенки делови
u
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Сечење со вдлабнување (види слика E)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (7) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (11) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Bosch Power Tools
Штом основната плоча (7) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечење по должина на линијата.
Паралелен граничник со кружен отсекувач (опрема)
За работење со паралелен граничник со кружен
отсекувач (20) (опрема) дебелината на делот што се
обработува треба да изнесува максимално 30 mm.
Паралелно сечење (види слика F): Олабавете ја завртката
за подесување (19) и вметнете ја скалата на паралелниот
граничник низ водилката (18) во основната плоча.
Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на
скалата на внатрешниот раб на основната плоча.
Зацврстете ја завртката за фиксирање (19).
Кружно сечење (види слика G): На линијата за сечење во
кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е
доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете
го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може
сечилото рамно да легне на линијата за сечење.
Ставете ја завртката за фиксирање (19) на другата страна
од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од
паралелниот граничник низ водилката (18) во основната
плоча. Во средината на делот за обработка во отворот
што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го
врвот за центрирање (21) низ внатрешниот отвор на
паралелниот граничник во издупчената дупка. Поставете
го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб
на основната плоча. Зацврстете ја завртката за
фиксирање (19).
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот
треба да нанесете средство за ладење одн.
подмачкување по должина на линијата за сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го
исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот
алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна
површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во
функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава
материјали што прават многу прашина.
При екстремни услови на примена, доколку е
u
возможно секогаш користете уред за всисување.
Македонски | 135
1 609 92A 5B4 | (10.07.2019)

Werbung

loading