Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GOF Professional 1250 LCE Originalbetriebsanleitung Seite 185

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GOF Professional 1250 LCE:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
Процесот на глодање вршете го со константна брзина.
По завршувањето на процесот на глодање, вратете ја
површинската глодалка во најгорна позиција.
Исклучете го електричниот алат.
Глодање со помошен граничник (види слика G)
За обработка на големи делови на пр. кај глодалки за
жлебови, како помошен граничник на делот за
обработување може да прицврстите една даска или
лајсна и да ја водите површинската глодалка по
должината на помошниот граничник. Водете ја
површинската глодалка на израмнетата страна на
лизгачката плоча по должината на помошниот граничник.
Обликување и глодање на рабови
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика H)
Вметнете го паралелниот граничник (33) со водечките
прачки (34) во основната плоча (13) и цврсто затегнете
го со завртките (7) соодветно на потребните димензии.
Со пеперутка-завртките (36) и (35) може дополнително
да ја подесите должината на паралелниот граничник.
Со вртливото копче (37) по олабавување на двете
пеперутки-завртки (35) може фино да ја подесите
должината. Едно вртење одговара на должина на
подесување од 2,0 mm, една од цртичките на вртливото
копче (37) одговара на промена на должината на
подесувањето за 0,1 mm.
Со шината-граничник (38) може да ја промените
ефективната контактна површина на паралелниот
граничник.
Водете го вклучениот електричен апарат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот што се
обработува.
При глодање со паралелен граничник (33) треба да се
врши и вшмукување на правта/струготините со помош на
специјален адаптер за вшмукување (39). Адаптерот за
вшмукување  може да остане монтиран.
Глодалки со адаптер за шестар (опрема)
За кружно глодање може да го употребите адаптерот за
шестар.
Bosch Power Tools
Глодање со шина-водилка (опрема)
Со помош на шините водилки и адаптерот за шините
водилки може да вршите праволиниски движења.
Глодање со копирната чаура (види слики I–L)
Со помош на копирната чаура (43) може да пренесувате
контури од нацрти одн. шаблони на делот за
обработување.
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја
соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има
минимална дебелина од 8 mm.
За да се користи копирната чаура (43) најпрво мора да
се вметне SDS-адаптерот на копирната чаура (40) во
лизгачката плоча (11).
Поставате го адаптерот за копирната чаура (40) од горе
на лизгачката плоча (11) и завртете ги со 2 завртки за
прицврстување (41). Внимавајте на тоа, лостот за
деблокирање за адаптерот за копирната чаура (42) да
може слободно да се движи.
Вметнете го лостот за деблокирање (42) во правец на
стрелката и ставете ја копирната чаура (43) од долу во
SDS-адаптерот за копирна чаура (40). Кодираните запци
мора цврсто да се вметнат во отворите на копирната
чаура (43).
Проверете го растојанието од средината на глодалката и
работ на копирната чаура (види „Центрирање на
основната плоча (види слика N)", Страница 185).
Изберете помал дијаметар на глодалката од
u
внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
Процес на глодање
Водете го вклучениот електричен алат со копирната
чаура (43) на шаблонот.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и
полека водете ја површинската глодалка надолу, додека
не се постигне подесената длабочина на глодање.
Повторно отпуштете го лостот за деблокирање (23) за да
ја фиксирате оваа длабочина на вдлабнување.
Водете го електричниот алат со копирната чаура што
стрчи (43) со страничен притисок по должината на
шаблонот.
Центрирање на основната плоча (види слика N)
За да е подеднакво исто растојанието од средината на
глодалката до работ на копирната чаура (43) доколку е
потребно копирната чаура и лизгачката плоча (11), може
да се центрираат една кон друга.
Притиснете го лостот за деблокирање (23) наназад и
водете ја површинската глодалка до крај во правец на
основната плоча (13). Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање (23) за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
Олабавете ги завртките за прицврстување (44) за околу
2 вртења, така што лизгачката плоча (11) ќе може
слободно да се движи.
Поставете го трнот за центрирање (45) во прифатот за
алат како што е прикажано на сликата. Рачно зацврстете
Македонски | 185
1 609 92A 57T | (03.02.2020)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gof professional 1250 ce

Inhaltsverzeichnis