Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GKS 18V-70 L Professional Originalbetriebsanleitung Seite 203

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKS 18V-70 L Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
LED светилки
Трепкаво светло 1× зелено
Ставање/менување на сечилото за кружна
пила
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Дозволениот број на вртежи на алатот што се
u
вметнува мора да биде најмалку исто толку висок
како највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот алат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од алатот.
Во никој случај не користете дискови за брусење
u
како алат за вметнување.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Демонтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (11) и
држете го притиснато.
Копчето за блокирање на вретеното (11)
u
активирајте го само доколку вретеното на пилата е
во состојба на мирување. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (27) одвртете
ја затезната завртка (26) во правец на вртење ➊.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(9) и држете го цврсто.
– Извадете ја стезната прирабница (25) и сечилото за
пилата (24) од вретеното на пилата (22).
Монтирање на сечилото за пила (види слика A)
При замена на алатот, најдобро е да го поставите
електричниот алат на челната страна од куќиштето на
моторот.
– Исчистете го сечилото за пила (24) и сите стезни
делови што се монтираат.
– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак
(9) и држете го цврсто.
– Поставете го сечилото за пила (24) на приклучната
прирабница (23). Правецот на сечење на запците
Bosch Power Tools
(правецот на стрелката на сечилото за пила) мора да
Капацитет
одговара на стрелката за правец на вртење на
0−5 %
осцилаторниот заштитен капак (9).
– Поставете ја стезната прирабница (25) и затегнете ја
затезната завртка (26) во правец на вртење ➋.
Внимавајте на правилна положба на монтирање на
приклучната прирабница (23) и стезната прирабница
(25).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (11) и
држете го притиснато.
– Со клуч со внатрешна шестаголна глава (27) затегнете
ја стезната завртка (26) во правец на вртење ➋.
Затезниот момент треба да изнесува 6–9 Nm, што
одговара на рачно затегнување плус ¼ вртење.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Исфрлувач на струготини (види слика B)
Исфрлувачот на струготини (4) слободно се врти.
На исфрлувачот на струготини (4) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm или кутија за
прав/струготини (29).
На исфрлувачот на струготини (4) може да се приклучи и
црево за всисување со копче на притискање. За тоа
свртете го исфрлувачот на струготини во правец обратен
на стрелките на часовникот и извлечете го адаптерот.
Свртете го исфрлувачот на струготини во правец на
стрелките на часовникот, за да го блокирате. Вметнете го
цревото за всисување со копче на притискање во
исфрлувачот на струготини додека не слушнете да се
вклопи цревото.
Заради обезбедување на оптимално всисување,
исфрлувачот на струготини (4) мора редовно да се чисти.
Македонски | 203
1 609 92A 7TB | (18.05.2022)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis