5. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
5.1 Местење на полиците на
вратата
За да се овозможи складирање пакети
со храна со различна големина,
полиците на вратата може да се
стават на различна височина.
1. Постепено извлекувајте ја
полицата сè додека не се
ослободи.
2. Преместете според потреба.
Моделот е опремен со варијабилна
кутија за чување која може да се
помести странично.
5.2 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа шини така што
полиците може да се наместат по
желба.
Овој апарат е опремен со полица која
има два дела. Предната половина на
полицата може да се стави под
втората половина за подобро
искористување на просторот.
За да ја превиткате полицата:
1. Извадете ја внимателно предната
половина.
2. Лизнете ја во долната шина и под
втората половина.
Не поместувајте ја
стаклената полица над
фиоката за зеленчук за да
не го попречите
правилното струење на
воздухот.
5.3 Отстранување ExtraZone
1. Држете ја фиоката заедно со
стаклениот капак на ExtraZone и
повлечете ги кон себе.
2. Навалете го модулот надолу за да
го извадите од фрижидерот.
МАКЕДОНСКИ
61
1
2