Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Huawei WiFi WS5200 Kurzanleitung Seite 162

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für WiFi WS5200:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 59
и дека портата за WAN на стариот насочувач веќе е поврзан на портата за LAN на
новиот насочувач. Престартувајте го стариот насочувач, па допрете Обидете се
повторно.
Ако проблемот не е решен, вратете го насочувачот на фабричките поставки и
следете го упатството за повторно да ги поврзете каблите и да го конфигурирате
насочувачот.
2. Што да направам ако ја заборавам лозинката за најавување на апликацијата или
за страницата за управување со насочувачот преку веб?
Обидете се да ја користите лозинката за Wi-Fi на насочувачот за да се најавите. Ако
проблемот не е решен, вратете го насочувачот на фабричките поставки.
3. Како да го вратам насочувачот на фабричките поставки?
Поврзете го насочувачот на извор на напојување и почекајте насочувачот да го заврши
процесот на стартување. Користете игла за да го притиснете копчето за ресетирање
RESET на насочувачот подолго од две секунди додека сијаличката не се исклучи.
Почекајте насочувачот да го заврши процесот на престартување. Кога сијаличката ќе
светне црвено, тоа значи дека насочувачот е вратен на фабричките поставки.
Ако насочувачот е вратен на фабричките поставки, треба да го конфигурирате
повторно.
4. Како да спарам уред со Wi-Fi со насочувачот со користење WPS?
Кога насочувачот е вклучен, притиснете го копчето H, па притиснете го копчето за WPS
на уредот со Wi-Fi (како што е телефон) во рок од две минути за да започне стандардно
поврзување преку WPS и да ги вградите уредите со Wi-Fi во мрежата за Wi-Fi на
насочувачот.
5. Дали насочувачот поддржува Wi-Fi на 5 GHz?
Како да се поврзам на Wi-Fi на 5 GHz од насочувачот?
Wi-Fi на 5 GHz е поддржано.
Имињата на Wi-Fi за 2,4 GHz и 5 GHz стандардно се исти. Автоматски ќе бидете
поврзани на побрзата мрежа Wi-Fi. Ако сакате да користите само Wi-Fi на 5 GHz, може
да ја оневозможите карактеристиката Приоритет на 5 GHz на следниов начин:
1) Поврзете го телефонот на мрежата Wi-Fi од насочувачот.
2) Внесете 192.168.3.1 во лентата за адреса од прелистувачот и следете ги упатствата
на екранот за да се најавите.
3) Изберете Моја Wi-Fi и оневозможете Приоритет на 5 GHz. Сега ќе може
да најдете имиња на две мрежи Wi-Fi.
Поврзете се со мрежата Wi-Fi што има „_5G" на крајот од името.
160

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis