Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Hitachi 55HK5300 Benutzerhandbuch Seite 773

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 55HK5300:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 242
• Апликацијата може да прекине.
• Апликацијата може да запре и да се појави ново
црвено автостарт копче.
HbbTV дозволува апликацијата да се преземе од
обете широкопојасна врска или сигнал. Емитерот
може да ги овозможи обата начина или само
еден од нив. Доколку платформата нема активна
широкопојасна врска, платформата се уште може
да стартува апликации преку емитерот.
Црвеното автостарт копче генерално обезбедува
линкови до други апликации. Корисникот може да
сменува други апликации користејќи ги линковите
наведени долу. Апликацијата треба да обезбеди
начин за само стопирање, најчесто копчето Exit
се користи за ова.
За HbbTВ апликацијата, користете ги копчињата
на далечинскиот управувач за да комуницирате со
корисникот. Кога HbbTВ-апликацијата е стартувана,
некои од копчињата се контролирани од самата
апликација. На пример, нумеричката селекција на
канали може да не работи со телетекст апликација
кадешто броевите покажуваат телетекст страни.
HbbTВ бара AV можност за стримување за
платформата. Има неколку аплик ации кои
обезбедуваат видео по барање и ТВ catch-up
услуги. Корисникот може да ги користи копчињата
пушти, стопирај, паузирај, напред и назад на
далечинскиот управувач за да комуницира со AV-
содржината.
Ако треба да ги смените поставките за аудио опис
на вашиот ТВ, треба да го направите тоа пред
да почне HbbTV репродукцијата. Нема да имате
пристап до поврзаните поставки за време на
репродукцијата. Одете на менито Поставки>Систе
м>Достапност>Аудио опис и прилагодете според
она што ви треба.
Забелешка: Можете да ја активирате или да ја
деактивирате оваа одлика од менито Повеќе во
менито Поставки>Систем. Во зависност од моделот
на вашиот ТВ и избраната опција за земја во Прва
инсталација, оваа одлика може да е достапна во менито
Поставки>Систем>Приватност наместо менито
Поставки>Систем>Повеќе.
Smart Center
Smart Center е мобилна апликација која работи на
IOS и Андроид платформи. Со вашиот мобилен
уред лесно можете да ги насочите вашите омилени
програми во живо од вашиот паметен ТВ-уред. Исто
така, можете да ги подигнете вашите апликации, да
го користите вашиот мобилен уред како далечински
управувач за вашиот телевизор и да споделувате
медиа датотеки.
Забелешка: Дали ќе можете да ги користите сите
функции од оваа апликација зависи од вашиот ТВ.
Почеток
За да можете да користите одлики што работат со
помош на интернетот, вашиот модем/рутер мора
да се поврзе со интернетот.
ВАЖНО: Бидете сигурни дека ТВ и мобилен уред
се поврзани на иста мрежа.
За опцијата за споделување медиуми треба да биде
активирана опцијата Аудио-видео споделување
(ако е достапна). Притиснете го копчето Home
на делечинскиот управувач, изберете го менито
Подесувања>Систем>Повеќе и притиснете OK.
Обележете Аудио-видео споделување и сменете
во активирано. Сега, вашиот ТВ е готов да се
поврзе со рачниот уред.
Инсталирајте ја соодветната апликација Smart
Center на вашиот мобилен уред.
Стартувајте ја апликацијата Smart Center. Ако сите
конфигурации се правилни, на вашиот рачен уред
ќе го видите името на вашиот ТВ. Ако името на
вашиот ТВ-уред не се појави на листата, почекајте
некое време и притиснете на елементот Освежи.
Изберете го вашиот ТВ-уред од листата.
Екран на мобилниот уред
На главниот екран можете да најдете табчиња за
да пристапите на различни функции.
Штом ќе започне, апликацијата го пронаоѓа
оригиналниот список на канали од ТВ-уредот.
МОИ КАНАЛИ: Ќе се прикажат програмите
на првите четири канали од списокот канали
пронајдени од ТВ-уредот. Можете да ги смените
каналите на списокот, Притиснете ја сликичката
на каналот и држете. Ќе се прикаже список канали
и ќе можете да го изберете каналот што сакате да
го замените.
TV Можете да ја гледате содржината преку
табулаторот ТВ. Во овој режим можете да
управувате преку листата на канали пронајдена
од ТВ-уредот и да притиснете на сликичките за да
ги прегледате страниците со детали.
СНИМКИ: Можете да ги прегледувате вашите
активни снимки (ако се достапни) и потсетници
преку овој табулатор. За да избришете која било
ставка, едноставно притиснете ја иконата Delete
икона која ја има на секој ред.
ЕПГ (Електронски програмски водич): Можете да го
прегледате распоредот на емитување од избраните
списоци на канали преку овој табулатор. Можете
да се движите преку каналите со притискање на
избраниот канал на EPG мрежата. Ве молиме,
имајте предвид дека ажурирањето/ освежувањето
на информациите EPG може да потрае во
зависност од квалитетот на мрежата или на веб-
услугата.
Забелешка: Потребна е интернет врска за информации
EPG од интернет.
Македонски - 45 -

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis