Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Hitachi 55HK5300 Benutzerhandbuch Seite 748

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 55HK5300:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 242
Лого по мерка при подигање
Можете да му даде лични одлики на ТВ-уредот и да
ја гледате својата омилена слика или фотографија
на екранот, при секое подигање на Вашиот ТВ-уред.
За да го сторите ова, копирајте ги Вашите омилени
датотеки со слики на УСБ-диск и отворете ги од
менито на прелистувачот на медиуми. Изверете
УСБ-извор од менито Извори и притиснете ОК.
Можете исто така да го притиснете копчето Source
на далечинскиот управувач и потоа да го исберете
својот УСБ-уред за складирање од списокот извори.
Кога ќе ја изберете саканата слика, означете ја
и притиснете ОК, за да ја видите на цел екран.
Притиснете го копчето Инфо (Info) слектирајте го
симболот со запченикот на информативната лента
и притиснете ОК. Изберете Опции и притиснете ОК
за да влезете. Ќе биде достапна опцијата Постави
лого за подигање. Селектирајте го и притиснете
ОК за да ја изберете сликата како лого по сопствен
избор. ќе се прикаже потврдна порака Изберете
Да и притиснете повторно ОК. Ако сликата е
соодветна(*), ќе се појави на екранот, при следното
подигање на ТВ-уредот.
Забелешка: Ако направите ИПП (инсталација по
првпат), ТВ-уредот повторно ќе да го користи
стандардното лого, ако е достапно.
(*) Сликите мора да имаат пропорција од 4:3 до 16:9
и мора да бидат во формат на датотека .jpeg или
.jpe. Сликата чија резолуција не се појавува на инфо-
натписот не може да се постави како лого при подигање.
FollowMe TV
Со вашиот табличен компјутер можете да го
репродуцирате во реално време тековниот
пренос од Вашиот интелигентен ТВ-уред со
помош на одликата FollowMe TV. Инсталирајте ја
соодветната апликација Смарт Центар на вашиот
мобилен уред. Почнете ја апликацијата.
За понатамошни информации за коритење на оваа
одлика упатуваат на упатствата за апликацијата
што ја користите.
Забелешка: Во зависност од моделот, вашиот ТВ-уред
може да не ја поддржува оваа функција. Оваа апликација
не е компатибилна со сите видови мобилни уреди.
Канали HD не се поддржани и двата уреди мора да бидат
поврзани на иста мрежа. Оваа одлика е функционална
само на изворот ТВ.
CEC
Оваа функција ви овозможува да ги контролирате
уредите со СЕС, кои се поврзани на ХДМИ влезови,
со далечинскиот управувач на вашиот телевизор.
Опцијата CEC во менито Поставки>Систем>
Поставки за уредот треба да се постави прво
како Активна. Притиснете го копчењто извор и
изберете го HDMI -влез на поврзаниот CEC-уред
од менито список на извори. Кога ќе се поврзе
нов CEC-уред, ќе се најде на списокот во менито
на извори со сопствено име наместо името на
поврзаните HDMI-влезови (како DVD Player,
Recorder 1, итн.).
Далечинскиот управувач на ТВ автоматски
ќе може да ги извршува главните функции
откако ќе го изберете ХДМИ изворот. За да ги
прекинете работењето и контролирањето на TV-
уредот повторно преку далечинскиот управувач,
притиснете и држете го копчето „0-Zero" на
далечинскиот управувач 3 секунди.
Можете да ја декативирате CEC-функцијата
со соодветно поставување на опцијата по
Поставки>Систем>Поставки за уредот
ТВ-уредот ја поддржува и функцијата АПК (аудио
повратен канал - Audio Return Channel). Оваа
функција е аудио-врска наменета да ги замени
другите кабли меѓу ТВ-уредот и аудио системот
(А/В-приемникот или системот на звучници).
Кога е активен ARC, ТВ-уредот ќе ги запре
автоматски сите други аудио излези, освен џекот
на слушалките, а копчињата за контрола на звукот
ќе се насочат на поврзаниот аудио уред. За да се
активира ARC , во менито Поставка>Звук поставете
ја опцијата Излез на звук како HDMI ARC.
Забелешка: АПК се поддржува само преку влезот HDMI2.
Зајакнат Аудио повратен канал (eARC)
Слично на ARC, одликата eARC го овозможува
пренесувањето на дигитално аудио емитување на
вашиот ТВ-уред на поврзан аудио уред преку HDMI
кабел. eARC е подобрена верзија на ARC. Има
многу поголема појасна ширина отколку неговиот
претходник. Појасната ширина го претставува
опсегот на фрекфенции или количество на податоци
што се префрлаат во одредено време. Поголемата
појасна ширина значи поголемо количество на
податоци што може да се префрлат. Поголемата
појасна ширина значи и дека дигиталниот аудио
сигнал не мора да биде компримиран и дека содржи
повеќе детали, побогат е и пожив.
Кога е овозможено eARC од менито за звук, ТВ-
уредот најнапред се обидува да воспостави eARC
врска. Ако eARC е поддржан од поврзаниот уред,
излезот се префрла на eARC режим и на OSD на
поврзаниот уред може да се види индикаторот
"eARC". Ако не може да се воспостави eARC
врска, (на пример, поврзаниот уред не поддржува
eARC туку поддржува само ARC) или ако eARC е
деактивиран од менито за звук, тогаш ТВ-уредот
започнува ARC.
За правилно функционирање на eARC;
• И поврзаниот аудио уред треба да поддржува eARC.
• Некои HDMI кабли немаат доволно појасна ширина
за да пренесуваат аудио канали со многу битови,
користат HDMI кабел со eARC поддршка
кабли со етернет и нов ултра брз HDMI кабел -
проверете на hdmi.org за најнови информации) .
Македонски - 20 -
(HDMI брзи

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis