Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DCW180Z Gebrauchsanleitung Seite 200

Akku-kühl- und warmhaltebox
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DCW180Z:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 21
6.
Во услови на злоупотреба, течноста може да
излезе од батериите; избегнувајте контакт. Ако
дојде до случаен контакт, веднаш исплакнете
со вода. Ако дојде до контакт на течноста со
очите, дополнително побарајте и медицинска
помош. Течноста исфрлена од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
7.
Не користете го батерискиот пакет или апарат
што се оштетени или изменети. Оштетените или
изменети батерии можат да покажат непредвидливо
однесување, што може да резултира со пожар,
експлозија или ризик од повреда.
8.
Не изложувајте го батерискиот пакет или
апаратот на прекумерна температура.
Изложеноста на пожар или температури што се
над 130 °C може да предизвика експлозија.
9.
Следете ги сите упатства за полнење на
батериите и не полнете го батерискиот пакет
или апаратот надвор од температурниот опсег
одреден во упатствата. Неправилното полнење
или полнењето на температури надвор од
одредениот температурен опсег, може да ја оштети
батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
10. Сервисирањето треба да биде изведено од
страна на квалификувано лице за поправка,
кое што користи само идентични делови за
замена. Со ова ќе се осигура дека се одржува
безбедноста на производот.
11.
Не менувајте, ниту обидувајте се да го
поправите апаратот или батерискиот пакет,
освен на начинот којшто е наведен во
упатствата за користење и грижа.
Важни безбедносни упатства за
касетата на батеријата
Пред да ја користите касетата на батеријата,
1.
прочитајте ги сите упатства и ознаки за
предупредување за (1) полначот на батерии, (2)
батеријата и (3) производот што користи батерии.
Не расклопувајте ја касетата на батерии.
2.
3.
Ако времето на работење станало многу
кратко, веднаш престанете со работењето. Тоа
може да резултира со ризик од прегревање,
можни изгореници, па дури и експлозија.
Ако електролитот ви влезе во очите,
4.
исплакнете ги со чиста вода и веднаш
побарајте медицинска помош. Тоа може да
резултира со губење на видот.
Не скратувајте ја касетата на батеријата:
5.
(1)
Не допирајте ги терминалите со било
каков спроводлив материјал.
(2)
Избегнувајте складирање на касетите на
батеријата во контејнер со други метални
предмети како што се клинци, монети итн.
(3)
Не изложувајте ја касетата на
батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да предизвика
голем проток на струја, прегревање, можни
изгореници, па дури и дефекти.
6.
Не складирајте и користете го апаратот и
касетата на батеријта на места каде што
температурата може да достигне или
надмине 50 °C (122 °F).
7.
Не палете ја касетата на батеријата дури
и ако е сериозно оштетена или целосно
истрошена. Касетата на батеријата може да
експлодира во пожар.
8.
Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9.
Не користете оштетена батерија.
10. Содржаните литијум-јонски батерии подлежат
на законските барања за опасни материи.
За комерцијалните транспорти, на пример за трети
страни, агентите за шпедиција, мораат да се почитуваат
посебните барања за пакување и еткетирање.
За подготовка на предметот којшто се
испорачува, потребна е консултација со експерт
за опасни материјали. Ве молиме почитувајте ги и
евентуално подеталните национални регулативи.
Залепете ги со лента или маскирајте ги отворените
контакти и спакувајте ја батеријата на таков начин,
што нема да може да се движи во пакувањето.
11.
При отфрлањето на касетата на батеријата,
отстранете ја од апаратот и фрлете ја на безбедно
место. Следете ги вашите локални регулативи во
врска со отстранувањето на батеријата.
12. Користете ги батериите единствено со
производите одредени од Makita. Инсталирањето
на батериите во несоодветни производи може
да резултира со пожар, прекумерна топлина,
експлозија или истекување на електролитот.
13. Ако апаратот не се користи подолг
временски период, батеријата мора да се
отстрани од него.
ЗАЧУВАЈТЕ ГО ОВА УПАТСТВО.
ВНИМАНИЕ:
батерии. Користењето на неоригинални Makita батерии,
или батерии што биле изменети, може да резултира со
пукање на батеријата што ќе предизвика пожар, лични
повреди и оштетувања. Тоа исто така ќе ја поништи Makita
гаранцијата за Makita апаратот и полначот.
Совети за одржување на
максималниот рок на траење
на батеријата
1.
Наполнете ја касетата на батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запрете
ја работата на апаратот и наполнете ја
касетата на батеријата, ако приметите дека
апаратот е со помала сила.
Никогаш не полнете ја до крај касетата на
2.
батеријата. Преполнувањето го скратува
работниот век на батеријата.
Касетата на батеријата полнете ја на собна
3.
температура на 10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F).
Пред полнењето оставете ја врелата касета
на батеријата да се излади.
4.
Наполнете ја касетата на батеријата ако
не планирате да ја користите подолг
временски период (повеќе од шест месеци).
200 МАКЕДОНСКИ
Користете само оригинални Makita

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Dcw180

Inhaltsverzeichnis