Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Четка За Перење (18); Работа; Водоснабдување; Водоснабдување Преку Домашната Мрежа За Вода - AL-KO EASY FLEX Betriebsanleitung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Работа
4.3.7
Четка за перење (18)
1. Ракавецот на четката за перење (18/1)
насочете го кон отворот на млазницата за
висок притисок (18/2).
2. Ставете ја (18/а) четката за перење (18/1)
во млазницата за висок притисок (18/2).
3. Вртете ја (18/b) четката за перење (18/1)
сè додека не се вклешти.
5 РАБОТА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од
нецелосно монтирање! Работењето на
нецелосно монтиран уред може да доведе до
тешки повреди.
Користете го уредот само кога е целосно
монтиран!
Ставете ја акумулаторската батерија дури
тогаш кога уредот е целосно монтиран!
Пред вклучувањето, проверете дали се
правилно ставени составките!
ВНИМАНИЕ! Опасност од вода. Контактот
со вода води до кратки споеви и уништување
на акумулаторската батерија.
Не ја изложувајте акумулаторската
батерија при работење со уредот на влага
и влажност.
Чувајте ја акумулаторската батерија на
суво при промена на составките.
5.1
Водоснабдување
ВНИМАНИЕ! Опасност од штети на
уредот. Уредот може да се оштети ако се
приклучи на нечисто, рѓаво, калливо или
корозивно водоснабдување. Тоа вклучува
растително ѓубриво, средства за заштита на
растенијата и средства за чистење.
Чистете го уредот со чиста вода за да го
продолжите животниот век на уредот.
5.1.1
Водоснабдување преку домашната
мрежа за вода
Чистачот под висок притисок може да се
приклучи на домашната мрежа за вода и да се
користи преку неа.
5.1.2
Водоснабдување од PET-садови
Чистачот под висок притисок може да се
користи со PET-садови, коишто се наполнети
со чиста вода види Поглавје 4.3.6 "Адаптер
за шише (07-09)", страна 282.
442923_a
5.1.3
Водоснабдување од отворени
садови
Чистачот под висок притисок може да се
употребува со вода од отворени садови, како
на пр. буриња за дождовница, канти, води.
НАПОМЕНА При пречекорување на
максималната висина на вшмукување се
продолжува времето на вшмукување.
Почитувајте ја максималната висина на
вшмукување на уредот.
1. Приклучете го (05) цревото на чистачот
под висок притисок.
2. Закачете филтер за црево (01/10) во
отворени садови.
Прицврстете ја стегата за црево
(01/13) на работ од садот.
Придвижувачот (01/11) спречува да не
потоне филтерот за црево (01/10) на
дното.
Пред употреба
Пред употреба испуштете го воздухот од
цревото.
1. Држете го чистачот под висок притисок на
висина од струкот (< 1,5 m).
2. Стартување на уредот (10) види Поглавје
5.2 "Стартување / стопирање на уредот
(10)", страна 283.
3. Пред почеток со работа почекајте додека
чистачот под висок притисок не почне да
прска вода. Тоа трае во зависност од
водоснабдувањето најмалку 30 секунди.
5.2
Стартување / стопирање на уредот
(10)
Стартување на уредот
1. Насочете го уредот кон површината што
треба да се чисти.
2. Притиснете го и држете го притиснато (10/
а) прекинувачот за блокирање (10/1).
3. Притиснете ја и држете ја притиснато (10/
b) рачката на уредот (10/2).
Стопирање на уредот
1. Отпуштете ја рачката (10/2).
2. Отпуштете го прекинувачот за блокирање
(10/1).
283

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Pw 2040

Inhaltsverzeichnis