Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Користење На Главното Тв-Мени - Toshiba 43 UL2B Serie Bedienungsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 43 UL2B Serie:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 89
Користење на главното ТВ-мени
Кога ќе се притисне копчето Мени, се појавува
главното ТВ-мени на дното на екранот. Може
да навигирате низ елементите во менито со
копчињата за насока на далечинскиот управувач.
За да изберете елемент или да ги видите опциите
на подменито на означеното мени, притиснете го
копчето ОК. Кога ќе означите опција на менито,
некои од елементите на подменито на ова мени
може да се појават на гоната страна на лентата на
менито за брз пристап. За да користите елемент со
брз пристап, означете го, притиснете ОК и изберете
поставки со копчињата за насока Лево/Десно. Кога
ќе завршите, притиснете го копчето ОК или копчето
Назад/Врати се за да излезете.
За да го затворите главното мени, притиснете го
копочето Излези.
1. Почеток
Кога ќе се отвори главното мени, ќе биде означена
лентата за мени Почетна страница. Содржината
на менито Почеток може да се приспосови со
додавање на опциите од други менија. Само
означете опција и притиснете го копчето за насока
надолу на далечинскиот управувач. Ако видите
опција Додај на почетната страница, може да ја
додадете на менито Почетно. На ист начин може
да ја избришете или смените позицијата на кој
било елемент во менито Почеток. Притиснете
го копчето за насока надолу и изберете ја
иконата избриши или помести и притиснете ОК.
За да поместите елемент од менито, користете
ги копчињата за насока Десно и Лево и изберете
ја позицијата на која сакате да го поместите
елементот и притиснете ОК.
2. TV
2.1. Пребарување
Може да пребарувате канали, програми, услуги или
поставки користејќи ја оваа опција. Притиснете ОК
и внесете клучен збор со виртуелната тастатура.
Потоа, обележете ОК и притиснете ОК за да почне
пребарувањето. Резултатот ќе се прикаже на
екранот. Изберете го саканиот резултат со копчиња
за насока и притиснете ОК за да отворите.
2.2. Водич
Со оваа опција може да пристапите до менито
на електронскиот програмски водич. Видете го
делот Електронски програмски водич за повеќе
информации.
2.3. Канали
Со оваа опција може да пристапите до менито
Канали. Видете го делот Користење на списокот
канали за повеќе информации.
2.4. Тајмери
Може да поставите тајмери за идни настани со
опцијата на ова мени. Може да ги ревидирате и
претходно креираните тајмери под ова мени.
За да додадете нов тајмер, изберете го табулаторот
Додај тајмер со копчиењата Лево/Десно и
притиснете ОК. Поставите ги опциите на подменито
како што сакате и кога ќе завршите, притиснете ОК.
Ќе се направи нов тајмер.
За да уредите претходно креиран тајмер, означете
го тајмерот, изберете Уреди го избраниот тајмер и
притиснете ОК. Сменете ги опциите на подменито
како што сакате и притиснете ОК за да ги зачувате
поставките.
За да уредите претходно креиран тајмер, означете
го тајмерот, изберете Избриши го избраниот
тајмер и притиснете ОК. ќе се прикаже потврдна
порака Изберете ДА и притиснете ОК за да
продолжите. Тајмерот ќе се откаже.
Не може да се постават тајмери за два или
повеќе поединечни настани што ќе се емитуваат
на различни канали во ист временски интервал.
Во овој случај, ќе ви биде побарано да изберете
еден од овие тајмери и да ги откажете другите.
Означете го тајмерот што сакате да го откажете
и притиснете ОК, ќе се прикаже менито Опции.
Потоа означете Постави/Откажи и притиснете
ОК за да го откажете тајмерот. Ќе мора да ги
зачувате измените после тоа. За да го направите
тоа, притиснете ОК, означете Зачувај промени и
притиснете повторно ОК.
2.5. Снимки
Може да ги уредувате снимките со опциите на
ова мени. Можете да репродуцирате, уредувате,
бришите или сортирате претходно снимени
настани. Означете табулатор со копчето за насока
Лево или ДЕсно и притиснете ОК за да ги видите
достапните опции. Видете го делот УСБ-снимање
за повеќе информации.
2.6. Брзо AI
AI значи вештачка интелигенција. Со помош
на оваа одлика некои Тв-поставки можат да
бидат приспособени автоматски во зависност
со информациите за жанрот на моментално
гледанате програма или во зависност од вашите
преференции. Видете го делот Брзо AI за повеќе
информации.
3. Поставки
Може да ги уредувате поставките на вашиот ТВ-
уред со опциите на ова мени. Видете го делот
Содржина на менито Поставки за повеќе
информации.
Македонски - 5 -

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis