Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Специфицирани Услови На Употреба - Milwaukee M12 FDGA Originalbetriebsanleitung

Abgewinkelter stabschleifer
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 19
h) Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување
во постоечки ѕидови или други армирани површини. Дискот
што навлегува може да предизвика повратен удар при сечење
во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или
други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија
за шмирглање
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос
на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање
што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да
предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите
или да доведат до повратен удар.
Специјални безбедносни упатства во врска со работата
со четките со жица
a) Обратете внимание на тоа, дека челичната четка
и за време на вообичаената употреба губи парчиња
жица. Не ги преоптоварувајте жиците со премногу
висок притисок на притиснување. Парчиња жица кои што
Mak
се разлетуваат, би можеле многу лесно да продрат низ лесна
облека и/или кожата.
b) Дозволете ù на четкичката да работи со работна
брзина барем една минута пред да ја користите. За
ова време, никој не треба да стои пред или покрај
четкичката. При ова воведно стартување, ќе бидат исфрлени
лабавите влакна или жички.
c) Отпадоците од ротирачката жичена четка насочете
ги спротивно од Вас. Малите честички и ситните парченца од
жицата може да бидат исфрлени под голема брзина за време на
употребата на овие четки, и да Ви се забоднат во кожата.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете
се луѓето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар,
запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина
(зона на искрење). Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат
телото.
Користетe само соодветни приклучоци и неоштетени клучови.
Алатките за вметнување мораат да работат целосно
концентрично. Не продолжувајте да користите алати за
вметнување кои не вртат правилно. Заменете ги пред да
продолжите со работа.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да ја
најдете причината за нив.
Вметнатиот алат треба целосно да запре пред да го оставите.
Во екстремни услови, (на пр. фино брусење на метал со дискот
за пилевина и вулканизирани влакна), во внатрешната страна
на брусилката може да се напластат остатоци.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до
отворите за вентилација-ризик од куршлус!
Секогаш користете ги и чувајте ги додатоците според
упатствата на производителот.
Македонски
148
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини! Дискот и
работниот дел ќе се вжештат при употребата. Носете ракавици
кога ги менувате дисковите или го допирате работниот дел.
Дланките нека ви бидат постојано настрана од делот што го
брусите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
Не користете го овој алат на производи што содржат азбест.
Одредете го составот на работната површина пред да
започнете со работа. Азбестот треба да го отстранува само
обучен професионалец.
Алатот мора да биде прицврстен барем 10 мм. Од
спецификациите што ги обезбедил производителот на алатот,
може да се употребат димензиите на внатрешната дршка
L₀ за да се пресмета максимално дозволената брзина на
употребениот алат. Не смее да биде помала од максималната
брзина на алатот.
Парчето за работа мора да биде прицврстено ако не е
доволно тешко за да стои мирно. Никогаш немојте рачно да
го поместувате парчето за работа кон алатот за вметнување
кој ротира.
Отстранете ја прашината и остатоците од телото на
прирабницата и исчистете ја бургијата на алатот за
вметнување пред да ја поставите.
Алатот за вметнување треба да биде заштитен од:
• влага и екстремна влажност
• каков било растворувач
• големи промени во температурата
• паѓање и удари
Алатот за вметнување треба да се чува
• на организиран начин, за да може алатот за вметнување да
се отстрани без да ги попречува или оштети другите алати
за вметнување
• заедно со безбедносните информации
Алатите за вметнување НЕ треба да паѓаат, да се тркалаат или
да се удираат.
Фрлете ги алатите кои биле паднати, тркалани или удрени, кои
подлежеле на екстремни промени во температурата или пак
биле во допир со растворувачи или влага.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на батерии од
M12 систем. Не користете батерии од друг систем.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Брусилката е наменета за брусење, сечење, полирање и жичано
четкање на дрво, пластика и метал. Идеална е за работење на
тешко достапни површини.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите
на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Fuel m12fdga-0Fuel m12fdga-422bM12 fuel

Inhaltsverzeichnis