Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DML809 Betriebsanleitung Seite 128

Akku-baustrahler led
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DML809:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 14
Користење со наизменична струја:
Кога користите апарат што користи наизменична
струја, употребете го кабелот за напојување којшто
бил испорачан со апаратот. Женскиот приклучок
да се вметне во апаратот, а машкиот приклучок
приклучете го со штекерот. (Fig. 4)
ВНИМАНИЕ:
• Прво целосно вметнете го женскиот приклучок во апаратот,
а потоа машкиот приклучок приклучете го со штекерот.
• Секогаш цврсто затворете го капакот на штекерот,
кога кабелот за напојување на е вклучен.
ЗАБЕЛЕШКА:
• Напојувањето со наизменична струја не ја полни
батеријата којашто е вметната во апаратот.
• Дури и кога работи со напојување со еднонасочна струја,
апаратот автоматски се менува на наизменична струја,
кога кабелот за напојување е вметнат во штекерот.
Организирање на кабелот за напојување:
Цврсто намотајте го кабелот за напојување на
постолјето, а потоа со копча прицврстете го крајот на
кабелот, употребувајќи го дадениот прицврстувач. (Fig. 5)
Вклучување на изборот на режим на
светлина и осветленост (Fig. 6)
1. Прекинувач: Притиснете го прекинувачот еднаш,
светлото ќе се вклучи(во истиот режим на
осветленост како во последната поставка). Повторно
притиснете го прекинувачот, светлото ќе се исклучи.
2. Избор на режим на осветленост: Секвенцата на осветленост
е: Висок режим / Среден режим / Низок режим / Висок
режим за секое притискање кога светлото е вклучено.
Систем за заштита на батеријата (Fig. 7)
Апаратот е опремен со систем за заштита на батеријата,
за да го продолжи работниот век на батеријата. Кога
нивото на батеријата ќе стане ниско, LED светилките се
гаснат, освен една LED светилка, како што е прикажано.
Потоа, околу пет до десет минути подоцна, системот
автоматски го прекинува напојувањето. Во тој случај,
извадете ја батеријата од алатот и наполнете ја.
Фен за ладење
Овој апарат е опремен со фен за ладење.
Фенот за ладење може да работи за ладење на
апаратот дури и по исклучување на апаратот. Звукот
на воздухот излегува кога работи фенот за ладење.
Тоа не претставува дефект на апаратот.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Апаратот секогаш ставајте го на рамно и стабилно
место. Во спротивно може да се случи да падне.
Прилагодување на аголот на осветлувањето (Fig. 8)
Олабавете ги копчињата на двете страни. Прилагодете
го аголот на осветлувањето (опсегот на прилагодување
е 240°). Потоа повторно затегнете ги копчињата.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не заглавите прст(и) при
прилагодувањето на аголот на осветлувањето.
Користење со статив (опционална
дополнителна опрема)
ВНИМАНИЕ:
• Внимателно прочитајте ги упатствата за додатоците,
пред да ги користите со осветлувањето.
Можете да го поставите стативот, за да ја олесните
работата. (Fig. 9)
ВНИМАНИЕ:
• Внимавајте да не го испуштите апаратот кога ќе го
ставате на стативот.
• Ставете го стативот на рамна и стабилна
површина, за да спречите негово паѓање.
• Раширете ги до максимум ногарките на стативот.
• Не користете го стативот ако има силен ветер.
• Осигурете се дека апаратот е сигурно прицврстен
на стативот.
• Отстранете го апаратот кога го носите стативот
или кога ги склопувате ногарките на стативот.
• Внимавајте да не ви се фати раката во ногарките
на стативот, кога ќе го затворате истиот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш осигурете се дека апаратот е исклучен, кабелот
е извлечен и касетата на батеријата е отстранета, пред
да се обидете да извршите преглед или одржување.
• Никогаш не користете петрол, бензин, разредувач,
алкохол или нешто слично. Може да дојде до
промена на бојата, деформација или пукнатини.
Корисникот може да ги изведе само работите околу
одржувањето, кои се опишани во упатството за користење.
Било која друга работа мора да биде изведена од страна
на овластените сервисни центри на Makita.
Чистење
ВНИМАНИЕ:
• Никогаш не мијте го апаратот во вода.
Одвреме-навреме избришете ја надворешноста
(куќиштето на апаратот) на апаратот, користејќи крпа
натопена во вода со сапуница.
ОПЦИОНАЛНИ ДОДАТОЦИ
ВНИМАНИЕ:
• Овие дополнителни додатоци или прилози се
препорачуваат за користење со вашиот Makita апарат,
наведени во ова упатство за употреба. Користењето
на било какви други додатоци или прилози, може да
претставува ризик од повреда на луѓето.
Користете ги додатоците или прилозите само за
нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали во врска со
овие додатоци, обратете се во вашиот локален
сервисен центар на Makita.
• Оригинална батерија и полнач на Makita
• Статив [Дел бр.: GM00002073]
ЗАБЕЛЕШКА:
• Некои предмети во списокот можат да бидат вклучени
во пакетот на апаратот, како стандардни додатоци.
Тие можат да се разликуваат од држава до држава.
128 Македонски

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis