Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ferm GRM1013_1 Betriebsanleitung Seite 81

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Безбедносни упатства
При користење на електрични машини
почитувајте ги безбедносните правила во
вашата земја, за да го намалите ризикот од
пожар, струен удар и повреди. Прочитајте
ги следните безбедносни упатства и
приложените безбедносни упатства.
Електрична безбедност
Секогаш проверувајте дали напонот на
мрежата одговара на вредностите на
натписната плочка.
При замена на стари кабли и приклучоци:
Фрлете ги старите кабли или приклучници
кога ќе ги замените со нови. Опасно е да
вклучите приклучницата ако кабелот е
лабав.
Кога користите продолжни кабли:
Користете само одобрени продолжни
кабли наменети за напојување на
машината. Жиците мораат да имаат пресек
од најмалку 1,5 mm2.
Кога продолжниот кабел е во ролна,
целосно одмотајте го.
Сите електрични поврзувања нпр.
продолжен кабел, мора да бидат
водоотпорни, за надворешна употреба и
соодветно означени.
Продолжните кабли мора да биде
трожилни, од кои едната да е ЗЕМЈА.
Веднаш исклучете ја машината ако:
Има прекин на главна приклучница, главен
кабел или оштетен на главен кабел.
Е дефектен прекинувачот
Има чад или смрдеа на изгорена изолација.
Посебни безбедносни упатства
Упатството за КОРИСТЕЊЕ и ОДРЖУВАЊЕ
претставува суштински дел од опремата
за чистење и треба да се чува на сигурно
место за идно користење. Ако го продадете
чистачот, упатството треба да му го предадете
на новиот сопственик.
Пред стартување на чистачот, уверете се
дека имате правилно снабдување со вода.
Ракување без вода може да ги оштети
заптивките.
Не го исклучувајте кабелот со влечење за
него.
Ако сте премногу далеку од објектот што
го чистите, не го движете чистачот со
влечење на цревото за висок притисок;
користете ја предвидената рачка.
Кај верзиите кои не се опремени со TSS
уреди, не работете подлого од 1-2 min со
затворен пиштол, зашто ќе се оштетат
заптивките.
Заштитете го чистачот од смрзнување во
текот на зимата.
Не ги затворајте отворите за вентилација за
време на работа.
Попречниот пресек на продолжните кабли
мора да е сразмерен со должината, одн.
што е подолг кабелот, толку е поголем
пресекот; мора да се користат кабли со
ниво на заштита на „IPx5".
Поставете го чистачот ШТО ПОБЛИСКУ до
снабдувањето со вода.
Пакувањето е лесно рециклирачко и мора
да се депонира во согласност со прописите.
Користете го чистачот само со оригинален
прибор и резервни делови, одобрени
од производтелот. Со користење на
оригинален прибор и резервни делови
обезбедувате безбедно и без проблеми
ракување.
Чистачот мора да се користи врз безбедна,
стабилна површина.
Избегнувајте ненамерно повлекување на
чкрапецот. Не го одржувајте склопт копје/
чкрапец со рака врз чкрапецот. Секогаш да
го користите механизмот за забравување
на чкрапецот.
Уверете се дека го користите забравникот
за чкрапецот, кога не го користите уредот,
за да се спречи случајно вклучување. (сл. 5)
Прочитајте ги сите упатства, пред
користење на машината.
Со машината не треба да ракуваат деца.
Децата да се надгледуваат за да не се
играат со машината. Ова машина не смеат
да ја користат лица (вклучувајќи ги и
децата) со намалени физички, чувствителни
или ментални способности или со недостиг
на искуство и знаење
Приклучувањето на електрична мрежа да
се врши од страна на стручно лице и во
согласност со IEC 60364-1. Снабдувањето
со електрична енергија треба да биде
со резидуален моментен уред кој ќе го
исклучи снабдувањето ако заземјувањето
надминува 30 mA за 30 ms.
81

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis