Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch 3 603 CD3 1 Series Originalbetriebsanleitung Seite 228

Winkelschleifer
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2850-003.book Page 228 Monday, June 19, 2017 12:15 PM
228 | Македонски
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата 5 притиснете на копчињата за
отворање 6 и извлечете ја батеријата нагоре од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ на состојбата на наполнетост (4)
При половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување, приказот за наполнетоста на
батеријата за неколку секунди ја прикажува наполнетоста
на батеријата и се состои од 3 зелени LED светилки.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Бавно трепкање на светлото 1 x зелено
3-те LED светилки на приказот за наполнетост на
батеријата брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од обемот на работна температура
од –30 до +65 °C и/или реагира заштитата од
преоптоварување.
Монтирање на заштитните уреди
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот
апарат мора да се прати во сервисната служба, за
адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети
при користење".
Заштитна хауба за брусење
Монтирање на заштитната хауба:
– Свртете го црниот пластичен прстен (види слика B)
додека жлебот 24 не се совпадне со прстенот со процеп
за спојницата на затегнувачкиот лост 1.
– Поставете ја заштитната хауба 10 со четирите жлебови
во четирите лежишта на лагерот (види слика B и C).
1 609 92A 2LJ | (19.6.17)
– Притиснете ја заштитната хауба 10надолу и свртете ја
во правец на стрелките на часовникот во потребната
работна позиција (види слика D). Затегнувачкиот лост 1
автоматски ја прицврстува заштитната хауба во оваа
работна позиција.
Подесување на заштитната хауба:
– Вртете ја заштитната хауба 10 само во правец на
стрелките на часовникот во потребната работна
позиција. Затегнувачкиот лост 1 автоматски ја
прицврстува заштитната хауба во оваа работна
позиција.
 Поставете ја заштитната хауба 10 на тој начин што ќе
го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 10
гарантираат, дека на електричниот апарат може да се
монтира само една заштитна хауба што му одговара.
Демонтирање на заштитната хауба:
– Свртете ја заштитната хауба 10 така што четирите
жлебови ќе се вметнат во лежиштето на лагерот (види
слика B) и извадете ја заштитната хауба.
Заштитна хауба за сечење
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
11.
Капацитет
Заштитната хауба за сечење 11 се монтира како заштитна
≥ 66 %
хауба 10 за брусење.
33 – 66 %
Дополнителна дршка
11 – 33 %
 Користете го вашиот електричен апарат само со
≤ 10 %
дополнителна дршка 8.
Зашрафете ја дополнителната дршка 8 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Заштита за дланките
 При работа со гумен диск 19 за брусење или со
лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести
брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете
ја заштитата за дланки 18.
Зацврстете ја заштитата за дланки 18 со дополнителната
дршка 8.
Монтирање на брусни алати
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 9 и сите делови што
треба да се монтираат.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis