Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GNA 18V-16 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 115

Nager
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GNA 18V-16 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-3140-001.book Page 115 Tuesday, July 11, 2017 12:46 PM
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за вклучу-
вање/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Вадење на батеријата
Батеријата 1 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 2.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 1 притиснете на копчињата за
отворање 2 и извлечете ја батеријата нагоре од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика A)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 7 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 1.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го копчето 6, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија 1.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 6 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Bosch Power Tools
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
 Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Наполнетата батерија 1 ставете ја во подножјето на
електричниот апарат, додека не се заклучи батеријата.
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За исклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Менување на правецот на сечење
За да го смените правецот на сечење може да го свртите
држачот на матрицата 9 во три позиции, поместени за 90°.
Правецот на сечење наназад (кон куќиштето) не е можен.
За да го свртите држачот на матрицата 9 олабавете го
шрафот 4, така што држачот на матрицата ќе може да се
врти. Свртете го за 90° кон надолжната оска на елек-
тричниот апарат на десната или на левата страна.
Внимавајте шрафот 4 да влезе во отворот на држачот на
матрицата 9. Затегнете го шрафот 4.
Совети при работењето
 Внимавајте на струготините настанати од сечењето.
Струготините имаат остри врвови, на кои може да се
повредите.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува. Секогаш држете го
електричниот апарат вертикално на површината на лимот
и не го навалувајте.
Сечењето се врши при спуштањето на втиснувачот.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Електричниот апарат работи помирно, доколку се подигне
малку при сечењето. Доколку при сечењето се заглави
втиснувачот, исклучете го електричниот апарат,
подмачкајте го втиснувачот и олабавете го лимот. Не
Капацитет
употребувајте сила, бидејќи може да се оштетат
2/3
втиснувачот и матрицата.
1/3
<1/3
Резерва
Македонски | 115
1 609 92A 3U7 | (11.7.17)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis