Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GNA 18V-16 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 113

Nager
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GNA 18V-16 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-3140-001.book Page 113 Tuesday, July 11, 2017 12:46 PM
 Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни
очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска
за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем
или заштита за слухот, во зависност од видот и
примената на електричниот апарат, го намалува
ризикот од повреди.
 Избегнувајте неконтролирано користење на апа-
ратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот
апарат, пред да го приклучите на напојување со
струја и/или на батерија, пред да го земете или
носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го
ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле
уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова
може да предизвика несреќа.
 Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
 Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
 Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови. Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
 Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмуку-
вање прав, осигурете се дека тие правилно се при-
клучени и прикладно се користат. Користењето на
вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
 Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените постав-
ките на уредот, да ги замените деловите или да го
тргнете настрана уредот. Овие мерки за предуп-
редување го спречуваат невнимателниот старт на
електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електри-
чните апарати кои не ги користите. Овој уред не
смее да го користат лица кои не се запознаени со
него или не ги имаат прочитано овие упатства.
Електричните апарати се опасни, доколку ги користат
неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
Bosch Power Tools
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши. Кори-
стењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
 Батериите полнете ги со полначи што се препо-
рачани исклучиво од производителот. Доколку
полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид
батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
 Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални пред-
мети, што може да предизвикаат премостување на
контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата
може да предизвика изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на ориги-
нални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете
сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за резач
 Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
 При работа носете заштитни ракавици. На исечените
лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се
повредите.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Македонски | 113
1 609 92A 3U7 | (11.7.17)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis