Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GBH 4-32 DFR Professional Originalbetriebsanleitung Seite 138

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GBH 4-32 DFR Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-337-008.book Page 138 Thursday, June 16, 2016 2:05 PM
138 | Македонски
позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на
дополнителната дршка 10 во правец на стрелките од
часовникот.
Подесување на длабочина на дупчење (види слика A)
Со граничникот за длабочина 11 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
– Притиснете го копчето за подесување на граничникот
за длабочина 9 и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната дршка 10.
– Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во
прифатот за алат SDS-plus 1. Инаку, доколку SDS-plus-
алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно
подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен,
да одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина X.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина 11
мора да покажува надолу.
Бирање на прифат за алатот
За ударно дупчење потребен ви е SDS-plus-алат, што ќе се
вметне во SDS-plus-прифатот за алат 1.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика
како и за зашрафување и сечење со навој се користат
алати без SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично
вратило). За овие алати, потребна ви е брзозатезна глава
за дупчење.
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
SDS-plus-прифатот за алат 1 може лесно да се замени со
испорачаната брзозатезна заменлива глава за дупчење
13.
Менување на прифатот за алат
Демонтажа на прифатот за алат SDS-plus одн.
брзозатезната заменлива глава за дупчење
(види слика B)
– Извлечете го силно прстенот за заклучување на
прифатот за алат 4 во правец на стрелката, држете го
цврсто во оваа позиција и извлечете го нанапред
прифатот за алат 1 одн. брзозатезната заменлива глава
за дупчење 13.
Откако ќе го извадите, заштитете го прифатот за алат 1
одн. брзозатезната заменлива глава за дупчење 13 од
нечистотија. По потреба, лесно подмачкајте го
назабувањето за прифат.
Монтирање на прифатот за алат одн. брзозатезната
заменлива глава за дупчење (види слика B)
 Користете само оригинална опрема во зависност од
моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за
подесување. Дозволени се само заменливи глави за
дупчење со два отвори за подесување. Доколку за
овој електричен апарат не се користи соодветната
1 609 92A 2AA | (16.6.16)
заменлива глава за дупчење, алатот за вметнување
може да испадне за време на работата.
– Опфатете го прифатот за алат 1 одн.брзозатезната
заменлива глава за дупчење 13 со целата рака.
Вметнете го прифатот за алат 1 одн. брзозатезната
заменлива глава за дупчење 13 вртејќи на прифатот на
главата за дупчење, додека не слушнете звук на
склопување.
– Прифатот на алат 1 одн. брзозатезната заменлива глава
за дупчење 13 се заклучува самостојно. Проверете
дали е заклучена со влечење на прифатот за алат.
Замена на алатот
Со SDS-plus-прифатот за алат можете едноставно и лесно
без користење на дополнителни алати да го замените
алатот што се вметнува.
Со SDS-plus-алатот што се вметнува може слободно да се
маневрира, условено од системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Капакот за заштита од прав 2 го спречува навлегувањето
на правта која се создава при дупчењето во прифатот на
алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали
капакот за заштита од прав 2 е оштетен.
 Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика C)
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Извадете го SDS-max алатот за вметнување
(види слика D)
– Турнете ја чаурата за заклучување 3 наназад и извадете
ја запчестата глава за дупчење.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
(види слика E)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатезната заменлива глава за дупчење
13.
– Држете го цврсто затезниот прстен на брзозатезната
заменлива глава за дупчење 13. Отворете го прифатот
за алат со вртење на предната чаура во правец на
ознаката „
".
– Ставете го алатот за вметнување во брзозатезната
заменлива глава за дупчење 13. Држете го цврсто
затезниот прстен на брзозатезната заменлива глава за
дупчење 13 и вртете ја предната чаура во правец на
ознаката „
".
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis