Herunterladen Diese Seite drucken

POCO F7 Ultra Bedienungsanleitung Seite 62

Werbung

Ви благодариме што го избравте POCO F7 Ultra
Долго притиснете го копчето за напојување за да го вклучите уредот.
Следете ги упатствата на екранот за да го конфигурирате уредот.
За повеќе информации, посетете го нашиот официјален веб-сајт:
www.mi.com/global/service/userguide
За SIM-картичката:
Ве молиме не вметнувајте нестандардни SIM-картички во отворот за SIM-картичка. Тие може да
го оштетат отворот за SIM-картичка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да го расклопувате уредот.
WEEE
Треба да се преземат посебни мерки на претпазливост за безбедно исфрлување
на овој производ. Оваа ознака покажува дека производот не смее да се фрла со
другиот домашен отпад во ЕУ.
За да спречите загрозување на животната средина или на здравјето на луѓето
од несоодветно исфрлување на отпадот и да поттикнете одржлива повторна
употреба на материјалните ресурси, ве молиме рециклирајте одговорно.
За безбедно рециклирање на уредот, ве молиме користете ги системите за враќање и
собирање или обратете се кај продавачот од каде што е првично купен уредот.
ВНИМАНИЕ
ПОСТОИ РИЗИК ОД ЕКСПЛОЗИЈА АКО ЈА ЗАМЕНИТЕ БАТЕРИЈАТА СО ПОГРЕШЕН ТИП.
ИСФРЛЕТЕ ГИ ИСКОРИСТЕНИТЕ БАТЕРИИ ВО СОГЛАСНОСТ СО УПАТСТВАТА.
За да спречите можно оштетување на слухот, немојте да слушате со голема јачина
на звук подолги периоди.
Дополнителни безбедносни информации и мерки на претпазливост може да
најдете на следниот линк: www.mi.com/global/certification
Важни безбедносни информации
Прочитајте ги сите безбедносни информации подолу пред да го користите уредот:
Употребата на неодобрени кабли, адаптери за напојување или батерии може да предизвика
пожар, експлозија, струен удар, да предизвика други ризици или да го оштети уредот.
Опсегот на работна температура на овој уред е од 0 °C до 40 °C. Употребата на овој уред во
опкружување што е надвор од овој температурен опсег може да го оштети уредот.
Ако уредот е опремен со вградена батерија, за да избегнете оштетување на батеријата или
уредот, не обидувајте се сами да ја замените батеријата.
Полнете го овој уред само со вклучениот или одобрениот кабел и адаптер за напојување.
Користете само одобрени додатоци што се компатибилни со вашиот уред.
По завршување на полнењето, исклучете го адаптерот од уредот и од штекерот. Не полнете
го уредот повеќе од 12 часа.
Батеријата мора да се рециклира или исфрла одделно од домашниот отпад. Погрешното
ракување со батеријата може да предизвика пожар или експлозија. Фрлете или
рециклирајте ги уредот, неговата батерија и додатоците во согласност со локалните
прописи.
Немојте да ја расклопувате, удирате, кршите или палите батеријата. Ако батеријата изгледа
деформирана или оштетена, веднаш престанете да ја користите.
- Немојте да ѝ правите краток спој на батеријата бидејќи тоа може да предизвика
прегревање, изгореници или друга повреда.
- Не ставајте ја батеријата во опкружување со висока температура.
- Прегревањето може да предизвика експлозија.
- Немојте да ја расклопувате, удирате или кршите батеријата бидејќи тоа може да
предизвика истекување, прегревање или експлодирање на батеријата.
- Немојте да ја палите батеријата бидејќи тоа може да предизвика пожар или експлозија.
Корисникот не смее да ја отстранува или модифицира батеријата. Отстранувањето или
поправката на батеријата ја врши само овластен сервисен центар на производителот.
Уредот мора да биде сув.
Не обидувајте се сами да го поправите уредот. Ако некој дел од уредот не работи правилно,
контактирајте со службата за корисничка поддршка на Mi или однесете го уредот во
овластен сервисен центар.
Поврзете други уреди во согласност со нивните упатства за користење. Не поврзувајте
некомпатибилни уреди со овој уред.
За AC/DC-адаптери, штекерот треба да биде во близина на опремата и треба да биде
лесно достапен.
Безбедносни мерки
Придржувајте се до сите важечки закони и прописи што ја ограничуваат употребата на
мобилни телефони во одредени ситуации и средини.
Немојте да го користите телефонот на бензински пумпи или во каква било експлозивна
атмосфера или потенцијално експлозивна средина, вклучувајќи области за гориво, долни
палуби на бродови, објекти за пренос или складирање на гориво или хемиски средства
или области каде што воздухот може да содржи хемикалии или честички во облик на ситни
зрна, прав или метален прав. Почитувајте ги сите поставени знаци за исклучување на
безжични уреди како што се вашиот телефон или друга радиоопрема. Исклучете го вашиот
мобилен телефон или безжичен уред кога се наоѓате во подрачје на минирање или во
подрачја каде што е потребно да се исклучат „двонасочни радиоуреди" или „електронски
уреди" за да се спречат потенцијални опасности.
Немојте да го користите телефонот во болнички операциони сали, ургентни центри
или одделенија за интензивна нега. Секогаш почитувајте ги сите правила и прописи
на болниците и здравствените домови. Ако имате медицински уред, советувајте се со
вашиот лекар и со производителот на уредот за да утврдите дали телефонот може да го
попречува работењето на уредот. За да избегнете потенцијални пречки во работењето
на пејсмејкерот, секогаш одржувајте минимално растојание од 15 cm помеѓу мобилниот
телефон и пејсмејкерот. За да го постигнете тоа, држете го телефонот на увото спротивно
од страната на која се наоѓа пејсмејкерот и не носете го телефонот во вашиот горен џеб.
За да избегнете пречки во работењето на медицинската опрема, немојте да го користите
телефонот во близина на слушни помагала, кохлеарни импланти или други слични уреди.
Почитувајте ги сите прописи за авионска безбедност и исклучете го телефонот во авион

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

24122rkc7g