Anleitung_RBK_4645_SPK4:_
Упатство: Рачката на кочницата треба да „легне"
во двете позиции. Доколку забележите посилен
отпор или рачката не може да се помести, не ја
употребувајте пилата. Донесете ја на поправка во
овластената служба за клиенти.
5.5 Гориво и масло
Гориво
За оптимални резултати употребувајте нормално,
безоловно гориво, помешано со специјално
двотактно масло.
Мешавина на горивото
Помешајте го горивото со двотактно масло во
соодветен сад. Протресете го садот за да дојде
до соодветно мешање.
Внимание: За оваа пила никогаш не
употребувајте чист бензин. На тој начин се
оштетува моторот и го губите правото на
гаранција за овој производ. Не употребувајте
мешавина на гориво што стоела подолго од 90
дена.
Внимание: Мора да се употребува
специјално двотактно масло за двотактни мотори
со воздушно ладење, со однос на мешање од
40:1. Не употребувајте двотактно масло со однос
на мешање од 100:1. Недоволните масла го
оштетуваат моторот и во тој случај го губите
правото на гаранција за моторот.
Мешавина на бензин и масло 40:1 Само масло
Препорачани горива
Некои бензини во оптек се мешани со мешавини
како алкохолни или етерни соединенија, за да ги
исполнат нормите за чисти издувни гасови.
Моторот работи задоволително со сите видови на
бензин заради самопогон, а исто така и со
бензини збогатени со кислород.
Најдобро употребувајте безоловен нормален
бензин.
25.10.2010
11:34 Uhr
Seite 89
Масла за ланец и управувачка шина
Секогаш кога се полни резервоарот за бензин,
мора да биде дополнет и резервоарот за масло
за ланецот. За таа цел се препорачува да се
употребува масло за ланци што може да се најде
во продажба.
Контроли пред вклучување на моторот
Внимание: Никогаш не вклучувајте ја пилата
ниту работете со неа, доколку шината и ланецот
не се исправно монтирани.
1. Наполнете го резервоарот за гориво (A) со
вистинската мешавина на гориво (сл. 8).
2. Наполнете го резервоарот за масло (B) со
масло за ланецот (сл. 8).
3. Уверете се дека кочницата за ланецот (C) е
одглавена пред вклучувањето на моторот (сл.
8).
По полнењето на резервоарот за ланецот и за
масло прицврстете ги капачињата од
резервоарите со рака. За ова не
употребувајте алат.
6. Употреба
6.1 Вклучување на моторот
1. За вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување / исклучување (A) во позиција
"Вкл (I)" (сл. 9A).
2. Извлекувајте ја Choke-рачката (B) (сл. 9B)
додека да легне.
3. Положете ја пилата на цврста и рамна
подлога. Држете ја пилата со нога цврсто,
како што е прикажано. Повлечете го
стартерот брзо двапати. Внимавајте на
ланецот што се движи! (сл. 9C).
4. Втурнете ја внатре Choke-рачката (B) до
аншлаг (сл. 9B).
5. Држете ја пилата цврсто и повлечете го
стартерот брзо четирипати. Моторот треба да
стартува (сл. 9C).
6. Дозволете моторот да загрее во период од 10
секунди. Потоа притиснете ја кратко рачката
за гас (D), моторот преминува во „празен од"
(сл. 9D).
Внимание: При првиот обид за стартување
односно кога резервоарот бил комплетно празен,
можно е да е потребно повеќепати да се
притисне стартерот за сајлата.
MK
89