Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GST 185-LI Professional Originalbetriebsanleitung Seite 206

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
206 | Македонски
Заштитен капак (види слика E)
Монтирајте го заштитниот капак (20), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Ставете го заштитниот капак (20) на електричниот алат на
тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од
допир (1).
Извадете го заштитниот капак (20) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол.
Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на
допир (1).
Приклучување на всисувач за прав (види слики F–G)
Поставете ги млазниците за всисување (21) во
вдлабнатините на основната плоча (12).
Поставете црево за всисување (22) (опрема) на
млазниците за всисување (21). Поврзете го цревото за
всисување (22) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (19).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (15) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Ниво 0
нема осцилации
Ниво I
мали осцилации
Ниво II
средни осцилации
Ниво III
големи осцилации
1 609 92A 6W5 | (03.11.2022)
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се
работи со максимално осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика H)
Основната плоча (12) може да се навали кон десно или
кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (20), млазниците за всисување (21) и
заштитата од кинење (19) не можат да се вметнат при
сечење со закосување.
– Лесно притиснете ги надолу млазниците за
всисување (21) и извлечете ги од основната
плоча (12).
– Извадете ги заштитниот капак (20) и заштитата од
кинење (19).
– Олабавете ја завртката (23) со внатрешен шестаголен
клуч (11) и лесно вметнете ја основната плоча (12) до
крај во правец на батеријата.
– За подесување на аголот на закосување навалете ја
основната плоча (12) соодветно на скалата (24) во
саканата позиција. Другите агли на косо сечење може
да се подесат со помош на агломер.
– Потоа притиснете ја основната плоча (12) до крај во
правец на сечилото за пила (17).
– Повторно затегнете ја завртката (23).
Поместување на основната плоча (види слика H)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја
поместите основната плоча (12).
Олабавете ја завртката на основната плоча (23) со
внатрешен шестаголен клуч (11) и вметнете ја основната
плоча (12) до крај во правец на батеријата (8).
Повторно затегнете го шрафот (23).
Сечењето со поместена основна плоча (12) е можно
само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да
се користат и паралелниот граничник со кружен
секач (27) (опрема) и заштитата од кинење (19).
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на
струготини може да се одржува чиста линијата на резот
од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување на
струготините: Притискајте го
прекинувачот (14) за работа со големи
количини на отстранет материјал во дрво, пластика итн.
во насока на млазниците за всисување.
Bosch Power Tools

Werbung

loading