Herunterladen Diese Seite drucken

Hisense HAF2900D Bedienungsanleitung Seite 48

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 276
4.1.3. Алтернативно, може и прво да ја пуштите во работа само едната страна според
чекорите од 3.1.1 до 3.1.7, а потоа да ја вклучите и другата страна според 3.5.1.
4.2. Одберете ги поставките за режимот на работа на двете корпи
4.2.1. Во режимот на работа на двете корпи, и двете корпи работат истовремено. За
да ја поставите температурата или времето на готвење на левата или на
десната корпа, притиснете го копчето за левата или копчето за десната корпа, а
потоа следете ги чекорите 3.1.6 и 3.1.7 за да ги комплетирате поставките.
4.3. Паузирање или исклучување на апаратот во текот на процесот на готвење
4.3.1. За да ја паузирате работата само на едната страна за време на режимот на
работа на дете корпи, прво притиснете го копчето за левата или за десната
корпа, а потоа притиснете го копчето за вклучување. Работењето на
соодветната корпа ќе биде паузирано. Ако не биде зададена операција во
следните 3 минути, паузираната страна се префрла во режим на подготвеност.
За да го паузирате работењето на двете страни, само притиснете го копчето за
вклучување и работењето на двете страни ќе биде паузирано. Ако не биде
зададена понатамошна функција во следните 3 минути, двете страни влегуваат
во режим на подготвеност. За да продолжите со работа, притиснете еднаш на
копчето за вклучување.
4.3.2. За да ја исклучите едната страна за време на процесот на готвење, прво
притиснете копчето за левата или за десната корпа, а потоа притиснете го
копчето за вклучување и задржете го притиснато 2 секунди. Потоа, избраната
корпа (или страна) се префрла во режим на подготвеност. За да ги исклучите
двете страни, притиснете го копчето за вклучување и задржете го притиснато 2
секунди.
4.4. Вадење на корпата
4.4.1. Ако корпата се извади од апаратот во кое било време, на екранот се прикажува
„ОТВОРЕНО" ("OPEN").
4.4.2. Ако една од корпите се извади за време на процесот на готвење, соодветната
страна престанува да работи (прекинува работата и на греењето и на моторот).
Кога корпата ќе се врати, апаратот продолжува со работа според последните
поставки.
4.5. Процесот на готвење завршил
4.5.1. Кога процесот на готвење ќе заврши, на екранот се прикажува
„ИСКЛУЧЕНО" ("OFF") и апаратот испушта звучен сигнал 5 пати. Потоа, екранот
се исклучува, а апаратот влегува во режим на подготвеност.
Белешки
5. Режим на подигање: кога апаратот е во овој режим, свети единствено копчето за вклучување.
6. Режим на подготвеност: светат и копчето за вклучување, и копчето за левата и копчето за
десната корпа.
7. Одбирање на поставките
7.1. Одбирање на поставките кога апаратот не работи
7.1.1. Копчето на соодветната функција секогаш свети. Индикаторот за избраниот
рецепт трепка, останатите индикатори од менито се секогаш вклучени, додека
соодветниот екран трепка наизменично, прикажувајќи ја температурата/времето
на готвење на избраниот рецепт. Кога го поставувате менито, трепка избраниот
рецепт. За да ја поставите температурата, притиснете го копчето за
температура. Екранот трепка, прикажувајќи ја моменталната температура.
Притиснете го копчето за време на готвење за да го одредите времетраењето;
екранот трепка и го прикажува тековното време на готвење. Кога апаратот е во
режим на работа на двете корпи, менито за страната што не е избрана не
трепка; соодветниот екран наизменично ги прикажува температурата и времето
на готвење, без да трепка. За време на овој процес, грејачите и моторите не
работат.
7.2. Одбирање на поставките во текот на процесот на готвење
39

Werbung

loading