Herunterladen Diese Seite drucken

Hisense HAF2900D Bedienungsanleitung Seite 44

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 276
Пред првата употреба
1. Отстранете ја целата амбалажа.
2. Отстранете ги сите лепенки или етикети од апаратот.
3. Темелно исчистете ја решетката и корпата со топла вода, малку течност за садови и
неабразивен сунѓер.
4. Пребришете ги внатрешноста и надворешноста на апаратот со влажна крпа.
Ова е фритеза која не користи масло за готвење и работи на топол воздух. Не ставајте масло
или маст за пржење директно во корпата.
Белешка: Кога фритезата ќе се загрее за прв пат, може да емитува малку чад или мирис. Тоа е
нормално кај многу апарати што се загреваат. Тоа не влијае врз безбедноста на апаратот.
Подготовка на апаратот за употреба
1. Поставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина.
Не поставувајте го апаратот на површина што не е отпорна на топлина.
2. Ставете ја решетката за пржење во корпата.
Не полнете ја корпата со масло или друга течност.
Не ставајте ништо на врвот на апаратот, бидејќи тоа може да го попречи протокот на воздух
и да влијае врз резултатот од пржењето на топол воздух.
Употреба на апаратот
1. Поврзете го приклучокот за струја во заземјен ѕиден штекер.
2. Внимателно извлечете ја корпата од фритезата (Слика 2).
3. Ставете ги состојките во корпата. (Слика 3).
4. Полека вратете ја корпата во фритезата (Слика 4).
5. Никогаш не користете ја корпата без решетката за пржење во неа.
Внимание: Не допирајте ја корпата за време употребата и некое време по тоа, бидејќи многу се
вжештува. Држете ја корпата исклучиво за рачката.
6. Одредете го потребното време за подготовка на состојката (видете го делот „Поставки" во ова
поглавје).
7. Некои состојки е потребно да се протресат на половина од времето на подготовка (видете го
делот „Поставки" во ова поглавје). За да ги протресете состојките, извлечете ја корпата од
апаратот држејќи ја за рачката и протресете ја. Потоа, полека вратете ја корпата во фритезата
на топол воздух.
8. Кога ќе го слушнете звукот, тоа значи дека поставеното време за подготовка истекло.
Извлечете ја корпата од апаратот.
Белешка: Притиснете го копчето за вклучување и држете го притиснато 2 секунди. Потоа, може
рачно да го исклучите апаратот.
Совет: температурата и времето на приготвување може да ги подесите според ваша желба во
текот на употребата на апаратот.
6. Проверете дали состојките се готови.
7. Ако состојките сè уште не се подготвени, едноставно вратете ја корпата во апаратот и
поставете го тајмерот на уште неколку дополнителни минути.
8. За да ги отстраните состојките (на пр., помфритот), извлечете ја корпата од фритезата и
ставете ја на работната маса.
9. Не превртувајте ја корпата наопаку, бидејќи вишокот масло што се насобрал на дното од
корпата ќе истече на состојките.
10. Корпата и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во фритезата, од
корпата може да избие пареа.
11. Користете соодветен прибор за префрлање на храната во чинија.
12. Кога готвењето на една група состојки ќе заврши, фритезата на топол воздух е веднаш
подготвена за готвење друга група состојки.
35

Werbung

loading