Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Чистење И Одржување - Hisense HCM20CS Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 72
3. Приклучете го кабелот за напојување во штекерот. Притиснете го копчето за вклучување и
црвениот индикатор ќе светне. Индикаторот ќе свети сѐ додека повторно не го притиснете копчето
за вклучување. Почекајте да светне синиот индикатор.
ВНИМАНИЕ: Никогаш не кревајте ја рачката за време на варењето. Во спротивно, капсулата со
кафе ќе се исфрли во садот за собирање капсули.
4. Поставете мала шоља на капакот на садот за цедење. Проверете дали садот за цедење е
поставен на своето место (ќе се слушне звук на кликање кога ќе го вметнете склопот на место); ако
го отворите капакот на садот за цедење, можете да ставите голема шоља на решетката на
држачот за чаши.
5. Откако ќе светне синиот индикатор, притиснете го копчето за кафе. Кафето ќе почне да тече од
млазницата за кафе. Откако ќе ја достигнете саканата количина, повторно притиснете го копчето
за кафе за да го запрете протокот.
БЕЛЕШКА: ①Протокот нема да запре автоматски. За да го запрете, само притиснете го копчето
повторно.
②Препорачуваме да сварите 40 мл кафе за мала шолја и 60 мл кафе за голема шолја.
6. Откако ќе направите кафе, секогаш исфрлајте ја капсулата. Капсулите автоматски се исфрлаат
во отвор за собирање капсули кога ќе ја подигнете рачката.
Внимание: Никогаш не кревајте ја рачката при циклусите на подготовка.
7. Доколку сакате да сварите уште една шоља, вметнете нова капсула.
8. Испразнете го садот за собирање капсули и често плакнете го уредот и резервоарот.
9. Секогаш исклучувајте го апаратот за кафе и исклучувајте го напојувањето кога не го користите.
БЕЛЕШКА: Апаратот автоматски ќе влезе во режим на мирување по 15 минути ако не се исклучи
рачно на крајот од процесот на подготовка. Може да го вклучите апаратот со притискање на
копчето за кафе.
Чистење и одржување:
Апаратот исклучете го од струја пред чистење. За заштита од електричен удар, не потопувајте го
кабелот, приклучокот или единицата во вода или друга течност. По секоја употреба, секогаш
извадете го приклучокот од ѕидниот штекер. Препорачуваме повремено да го правите следново:
1. Користете сува крпа за чистење на резервоарот за вода што се вади.
2. Испразнете го садот за собирање капсули и исчистете го.
3. Отворот за вметнување капсули исчистете го со сува крпа.
4. Користете влажна крпа за нежно да ја избришете решетката на држачот за чаши. Испразнете го
садот за собирање капсули и исплакнете го.
5. Исчистете ја машината со влажна крпа. Никогаш не потопувајте ја машината.
6. Заменете ги сите делови и чувајте ги за следната употреба.
Чистење минерални наслаги
За да ја одржувате вашиот апарат за кафе да работи ефикасно, во зависност од квалитетот на
водата во вашата област и зачестеноста на користењето на апаратот, треба редовно да ги чистите
наслагите од минерали што остануваат од водата, Постапете на следниов начин:
1Наполнете го резервоарот за вода со вода и средство за отстранување на бигор до нивото МАX.
Соодносот на водата и средството за бигор треба да биде 4:1; за детали, погледнете ги упатствата
за употреба на средството за отстранување на бигор. Користете „средство за отстранување на
бигор во домаќинство". Може да користите и лимонска киселина наместо средство за
отстранување бигор, во сооднос од еден дел вода до три дела лимонска киселина.
2. Притиснете го копчето за вклучување, црвениот индикатор ќе светне. Почекајте да се вклучи
синиот индикатор.
3. Поставете сад на решетката за ставање чаши.
4. Притиснете го копчето за кафе и оставете ја течноста да тече 1 минута. Потоа запрете го
протокот со повторно притискање на копчето за кафе.
5. Почекајте 20 минути со вклучен апарат.
6. Притиснете го копчето за кафе додека не се потроши целата вода.
20

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis