Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Чистење И Одржување - Philips HD7767 Bedienungsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für HD7767:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 22
Македонски
112
Користење претходно мелено кафе
Ако сакате да користите претходно мелено кафе наместо зрна кафе, следете ги чекорите подолу.
1 Отворете го капакот на резервоарот за вода и наполнете го резервоарот со потребната количина
ладна вода (Сл. 2).
2 Отворете го држачот на корпата за филтер (Сл. 10).
3 Ставете хартиен филтер (тип 1x4 или бр. 4) или траен филтер во корпата за филтер (Сл. 11).
4 Ставете го меленото кафе во хартиениот или трајниот филтер.
5 Затворете го држачот на корпата за филтер.
6 Ставете го стаклениот сад во уредот (Сл. 3).
7 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (Сл. 4). Приказот ќе се осветли.
8 Притиснете го копчето за избор на јачина (Сл. 5).
9 Завртете го контролното тркалце за да ја изберете поставката за мелено кафе (Сл. 6). Иконата за
претходно сомелено кафе ќе се осветли.
10 Притиснете го центарот на контролното тркалце за да потврдите (Сл. 13).
11 Потоа притиснете го центарот на контролното тркалце повторно за да започне процесот на
варење.
12 Почекајте кафематот да престане да титка пред да го отстраните стаклениот сад.
Забелешка: по варењето, неколку секунди ќе капе кафе од корпата за филтерот.
13 Уредот го одржува кафето жешко сѐ додека не се исклучи автоматски. Ако не ви треба кафето да
биде жешко, притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите уредот.
Функција за сопирање на капењето
Функцијата за сопирање на капењето ви овозможува да го отстраните садот од кафематот пред да
заврши процесот на варење. Кога ќе го отстраните садот, сопирањето на капењето го сопира
протокот на кафе во садот.
Забелешка: процесот на приготвување не сопира кога ќе го отстраните садот. Доколку не го вратите
садот назад на уредот во рок од 20 секунди, корпата за филтерот претекува.
Чистење и одржување
Чистење по секоја употреба
Никогаш не потопувајте го уредот во вода или во друга течност и не плакнете го под
чешма.
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите уредот.
2 Извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер.
3 Избришете ја надворешноста на кафематот со влажна крпа.
4 Исчистете ги корпата за филтерот и трајниот филтер со жешка вода и малку течност за миење или
исчистете ги во машина за миење садови.
Чистење на инката на мелницата
Важно: чистете ја инката на мелницата секои 1 до 2 недели за да се спречи затнување со
мелено кафе. Ова се врши лесно и брзо со следење на чекорите подолу.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Hd7767/00

Inhaltsverzeichnis