Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch AXT 22 D Originalbetriebsanleitung Seite 171

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AXT 22 D:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
61242 или IEC 60884-2-7 и се од типот H05VVV-F или
H05RN-F.
При употреба на навој, кабелот мора да биде сосем
одмотан.
Распакување.
Извадете го уредот од пакувањето.
Монтажа на собирниот филтер (види Слика E −
F)
Подигнете го заштитниот капак од единицата за
сечење (12) наназад.
➋➌
Закачете го собирниот филтер (8) и потоа
ослободете го капакот да се затвори (12) сам.
Притиснете го резервоарот (8) надолу и свретете
го црвеното копче за заклучување во насока на
стрелките на часовникот (9) додека не се
стопира и го блокира резервоарот (8) да го
заклучи; за ова се потребни околу 5 целосни
вртења на копчето за (9) заклучување.
Употреба
Пуштање во погон (види слика G)
Уредот секогаш поставувајте го на цврста, рамна
u
избалансирана површина. Не навалувајте го и не
наведнувајте го уредот додека работи.
Моторот продолжува да работи и после гаснењето!
u
Исчистете ја земјата од корењата. Непознати парчиња и
делчиња како камења, стакло, метал, текстил и пластика
не смеат да доспеат во (8) собирниот филтер. Во
спротивно моторот може да (15) се оштети.
Собирниот филтер (8) мора да биде празен.
Вклучување
Притиснете го зеленото копче (4).
Исклучување
Притиснете го црвеното Стоп-копче (5).
Почекајте 2 секунди пред повторно да го вклучите уредот
за да не ја оштетите механиката.
Заштита при рестарт
При снемување на струја алатот се гасне.
При повторно доаѓање на струјата уредот не може сам
повторно да се вклучи.
Спротивна насока
Притиснете и задржете го рикверц копчето за назад (6),
за да ја смените насоката на вртење.
Ролерот за сечење (15) ќе се заротира во спротивна
насока за да се одглави заглавениот материјал.
Bosch Power Tools
Заштита од преоптоварување
При големо оптоварување (на пример при заглавување
на ролерот (15)) уредот после неколку секунди
застанува и испушта звучен сигнал и титка.
Притиснете го црвеното Стоп-копче за да ја отстраните
пречката. Повторно стартувајте го уредот во правата
насока.
Притиснете и задржете го рикверц копчето за назад (6)
за да го ослободите заглавениот механизам од единицата
за сечење.
Ако веднаш го стартувате уредот во истата насока,тој
нема да почне со работа и ќе пишти.
Ако пречката е заглавена, мора да се отвори потисната
плоча (14) и одвои од единицата за сечење.
Копчето за подесување (10) мора да се сврти малку
спротивно на стрелките од часовникот додека да се
одглави и ослободи „заглавениот" материјал. Потисната
плоча (14) потоа треба повторно да се прилагодува (види
„Подесување на потисната плоча (види Слика H)",
Страница 172).
Јако затнување
Ако рикверц движењето или прилагодувањето на
потисната плоча не го исчисти затнувањето, тогаш
Стопирајте ја машината и исклучете ја од штекерот за
струја.
Свртете го црвеното копче за заклучување спротивно од
стрелките на часовникот, повлечете го поклопецот од
единицата за сечење наназад и подигнете го
резервоарот. Подигнете го поклопецот од единицата за
сечење и внимателно отстранете ги сите остатоци од
неговиот систем. Носете заштитни ракавици и внимавајте
со острите сечила во системот за сечење.
Упатства за работа
При употреба на уредот секогаш носете заштитни
u
очила. заштита за слухот и крути чевли.
Пред употреба проверете да се исправно
u
монтирани собирната кутија и собирниот филтер.
Уредот е опремен со сензори. Ако кутијата за собирање
(11) и собирниот филтер (8) не се правилно поставени,
алатката за градинарство нема да се вклучи и ќе се огласи
сигнален тон (дополнително AXT 23 TC/25 TC/2550 TC
трепкаат и 2 LED диоди (13)).
Притиснете го црвеното топ-копче за да ја анулирате и
избришете грешката.
Уфрлете го материјалот што сакате да го дробите.
Принесениот материјал ќе го превземе ролерот за
сечење (15) автоматски.
Долги предмети коишто висат од уредот можат да
u
замавнат; одржувајте безбедно растојание!
Не ставајте премногу материјал во собирниот филтер (8)
за да не се заглави.
Наизменично издробете го овенатиот, влажен
градинарски отпад што се собирал неколку денови меѓу
Македонски | 171
F 016 L94 417 | (28.10.2022)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Axt 25 dAxt 23 tcAxt 25 tcAxt 2550 tc

Inhaltsverzeichnis