Herunterladen Diese Seite drucken

Makita BAP182 Gebrauchsanleitung Seite 53

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
Македонски
(Оригинални упатства)
1
Капак
2
Батерија
3
Рачка за заклучување
4
Производ
5
Адаптер за поставување на
производот
6
Жица
Апликации
Овој конвертер на батерии овозможува главниот уред и батериите да бидат одвоени, што го прави погоден за
работа што се изведува долго време и сл.
Овој конвертер на батерии користи две батерии од 18 V и може да се користи со производи кои се напојуваат
со батерии од 36 V.
Компатибилна батерија: BL1815N, BL1820, BL1820B, BL1830, BL1840, BL1840B, BL1850,
BL1850B
ЗАБЕЛЕШКА:
• BL1815 не може да се користи со конвертерот на батерии.
ВНИМАНИЕ:
• Внимателно прочитајте го упатството за употреба за главната единица на производот пред да започнете со
употреба.
• Овој конвертер на батерии е наменет исклучиво за употреба со батерии од 18 V. Не употребувајте батерии од
14,4 V.
• Ставете две батерии од 18 V за употреба. Овој конвертер на батерии не може да се користи само со една
батерија од 18 V.
• Не подигајте го и не носете го конвертерот на батерии држејќи го само за кабелот.
• Не вметнувајте го адаптерот за поставување на производот во полначот. Полнење во таков случај не е
возможно.
• Во текот на работењето, држете го кабелот подалеку од пречки како на пример гранки. Кабелот фатен од
пречки може да предизвика сериозна повреда.
• Во текот на работењето, држете го кабелот подалеку од пречки. Кога се користи со циркуларна пила, фатениот
кабел може да го повлече алатот, да предизвика повратен удар и сериозна повреда.
• Секогаш осигурете се дека касетите со батерија се извадени пред да вршите проверка или одржување како
на пример замена на сечило на пилата.
• Никогаш не користете го конвертерот на батерии заедно со алат кој работи на една батерија од 18 V.
Поставување на батериите (Сл. 1 и 2)
ВНИМАНИЕ:
• Внимавајте да не ги фатите прстите со капакот кога ги вметнувате батериите.
• Внимавајте батериите да не ви паднат кога ги вадите.
• Внимавајте кога ги вадите батериите свртени надолу за да не се случи истите да се испуштат и паднат.
1. Лизнете ја рачката за заклучување на конвертерот во кој се сместени батериите од 18 V и отворете го
капакот.
2. Поставете ги батериите на нивното место до крај, сè додека црвената боја на копчето не се гледа повеќе.
3. Осигурете се дека сте го зацврстиле капакот со рачката за заклучување.
4. Поставете ја куката на вашиот ремен, итн. (Сл. 3)
5. Прикачете го адаптерот за поставување на производот, на самиот производ.
6. Може исто така да ја извадите куката и да го вметнете ременот низ истиот како што е прикажано на
илустрацијата.
Прикачување пционален ремен за рамо
Опционалниот ремен за рамо може да се прикачи како што е прикажано на илустрацијата. (Сл. 4)
Функционирање
Прикачете го конвертерот на батерии на вашето тело за работа како што е покажано на илустрацијата. (Сл. 5)
Објаснување на општиот преглед
7
Кука
8
Ремен
9
Шраф
10 Ремен за рамо
11 Копче на дисплеј за капацитет
на батерија
12 Показно светло за преостанат
капацитет на Батеријата 1
13 Показно светло за преостанат
капацитет на Батеријата 2
14 Батерија 1
15 Батерија 2
53

Werbung

loading