Herunterladen Diese Seite drucken

Makita UT 1200 Originalbetriebsanleitung Seite 64

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für UT 1200:

Werbung

Приклучување во струја
Напонот на електричната мрежа мора да се совпаѓа со податоците на
натписната плоча. Алатот работи само на монофазна наизменична струја.
Има двојна заштитна изолација согласно европските стандарди и може да
се вклучи во штекери без заземјување.
Продолжни кабли користете само доколку имаат доволно голем пресек.
Пресекот кој не е доволно голем може да доведе до преголема загуба на
енергија и до прегревање на алатот и кабелот.
Упатства за безбедност
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и сите инструкции.
Ако не се следат предупредувања и упатства може да доведе до електричен
удар, пожар и / или сериозна повреда.
Ги зачувате сите предупредувања и упатства за во иднина.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА ЗА ОВОЈ АЛАТ:
1. Доколку кабелот се оштети или пресече за време на работата, не
допирајте го и веднаш извадете го од штекер. Во секој случај, немојте да
работите со алатот доколку кабелот е оштетен.
2. Алатот не треба да биде влажен и не треба да се ракува со него во
влажна средина.
3. Немојте да го користите алатот за мешање на експлозивни или лесно
запалливи супстанци и немојте да го користите во близина на вакви
супстанци.
4. Не користете го кабелот за носење на алатот.
5. Пред секоја употреба, проверете ги алатот, кабелот и штекерот.
Поправки смее да врши само стручно лице. Приклучокот треба да се
вметне во штекерот само доколку алатот е исклучен.
6. На отворено, можете да ракувате со алатот со заштитен уред за
диференцијална струја со максимум 30 mA.
7. Не оставајте ја рачната мешалка да работи без надзор.
8. Извадете го приклучокот и проверете дали рачната мешалка е
исклучена пред да ја оставите без надзор, на пример за време на
склопување и расклопување, пад на напон и вметнување и/или
склопување на придружните додатоци.
9. Исклучете го алатот доколку престане да работи поради некоја причина
за да избегнете ненадејно вклучување кога е без надзор.
10. Кабелот секогаш треба да се става позади алатот.
11. Не користете го овој алат доколку дел од куќиштето и/или прекинувачот,
кабелот или штекерот е оштетен.
12. Електричните делови треба редовно да ги проверува стручно лице.
13. Не допирајте ги деловите кои ротираат.
14. Бидете внимателни доколку имате долга коса. Не носете широка облека.
15. Не вршете измени врз алатот.
16. Рачките треба да се суви, чисти и на нив не смее да има масло или
маснотии.
17. Кога ракувате рачно, секогаш држете го алатот со двете раце и стојте во
стабилна положба. Внимавајте на моментот кога реагира алатот.

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Ut 1400