Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Philips LivingColors 69164/31/PH Handbuch Seite 117

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 16
Со LivingColors производите, можете да креирате ваш сопствен амбиент преку:
1.
Допирање на саканата боја на тркалцето за боја. Можете да го движите прстот
по тркалцето за боја за да ја прилагодите бојата.
2.
Менување на заситеноста на бојата (додавање повеќе бела боја кон
тековната боја). Притиснете го копчето за зголемување на заситеност за
подлабока боја или копчето за намалување на заситеност за попастелна.
Доколку продолжите со притиснување на копчето за намалување на заситеност,
на крај ќе добиете бела боја.
Придушување. Засилете или намалете го интензитетот на светлината со
3.
помош на копчињата за придушување.
4.
Активирање на режимот за автоматско менување на боите. Повлечете
со прстот околу тркалцето за боја (еден полн круг) и кратко притиснете на
"I" ("Вклучено"); ќе слушнете сигнал, и LivingColors ќе премине во режим на
автоматско менување на боите: лампата ќе започне автоматски да ги менува
боите.
Можете да ја прилагодите брзината со која се менуваат боите. Брзината
може да се прилагоди во насока на движењето на стрелките на часовникот, од
побрзо (темно сина боја на тркалцето за боја) кон побавно (виолетова боја).
Можете да допрете каде било на тркалцето за боја. Додека сте во режим на
автоматско менување на боите, исто така можете да ги прилагодите заситеноста
и осветленоста на боите.
За да се вратите во режим на непроменливи бои, повторно повлечете со прстот
околу тркалцето за боја (еден полн круг) и потоа притиснете "0".
5.
Исклучување ("0") и вклучување ("I") на лампите.
Со LivingWhites производите, можете да креирате ваш сопствен амбиент преку придушување
и вклучување/исклучување на светилките, како што е опишано погоре. Кога ќе ја исклучите
белата светилка, светлината ќе се исклучи постепено. Ако сакате таа да се исклучи веднаш,
повторно притиснете го копчето "0".
3. Креирање на светлосни сцени
Ако ви се допадне одредено поставување на светлината (на пример, црвена светлина со
мало придушување), можете да ја зачувате оваа сцена за лесно повикување: притиснете
и задржете на едно од копчињата за сцена, сè додека далечинскиот управувач не емитува
звучен сигнал. Вашата сцена сега е зачувана под копчето за сцена кое сте го притиснале. На
овој начин исто така можете да зачувате одреден режим за автоматско менување на боите.
Можете да продолжите со прилагодување на светилките по ваша желба. Кога ќе сакате да се
вратите на некоја зачувана сцена, само притиснете го копчето за сцена кое сте го притиснале
при зачувувањето.
117

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis