Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

E-FLOR AGS 80N Bedienungsanleitung Seite 83

Inhaltsverzeichnis

Werbung

4. Употреба на и управување со електричната алатка
a. Не преоптеретувајте го уредот. За вашата работа користете ја електричната
алатка со соодветна намена. Со соодветната електрична алатка ќе работите
подобро и посигурно во дадената работна област.
b. Не користете електрична алатка чиј што прекинувач е дефектен.
Електричната алатка која што повеќе не може да се вклучува или исклучува е
опасна и мора да се однесе на поправка.
c. Извлечете го приклучокот од дозната и/или отстранете ја акумулаторската
батерија пред да правите прилагодување на уредот, менување на
додатоците или складирање на уредот. Оваа безбедносна мерка го спречува
непланираното вклучување на уредот.
d. Електричните алатки што не ги користите, чувајте ги надвор од дофат на деца.
Не дозволувајте користење на уредот од страна на лица кои не се запознаени
со начинот на работа на уредот или пак ги немаат прочитано овие упатства.
Електричните алатки се опасни кога се користат од страна на неискусни лица.
e. Внимателно негувајте го уредот. Контролирајте дали подвижните делови на
уредот функционираат беспрекорно и не закачуваат, дали се скршени или
оштетени некои делови кои што влијаат на функционирањето на уредот.
Оштетените делови сменете ги пред повторно да го користите уредот. Многу несреќи
настануваат поради лошо одржување на електричните алатки.
f. Алатките за сечење чувајте ги остри и чисти. Грижливо негуваните алатки за¬сечење
со остри рабови на сечилата помалку се блокираат и се полесни за управување.
g. Електричната алатка, додатоците, алатките за вградување и сл. користете ги
согласно овие упатства и на начин пропишан за овој специјален тип уред. При
тоа земете ги предвид работните услови и работата која треба да ја реализирате.
Користењето електрични алатки за други намени различни од предвидената може
да доведе до опасни ситуации.
h. Држете го уредот за изолираните делови на рачката кога вршите работи
кај кои алатката за вградување може да има скриени струјни врски или
сопствен мрежен кабел. Контактот со вод кој спроведува напон може под
напон да ги стави и металните делови на уредот и да доведе до електричен удар.
5. Безбедносни упатства за ножиците за грмушки
a. Стојте подалеку од ножевите. Не обидувајте се да го отстраните исечениот
материјал кога ножевите се движат или пак да го допрете материјалот
кој што треба да се сече. Уверете се дека прекинувачот е исклучен кога ги
отстранувате заглавените остатоци. Само еден момент на невнимание при
користењето на уредот може да доведе до сериозни повреди.
b. Носете го уредот држејќи го за држачот при што ножевите треба да бидат
во мирување. При транспорт и складирање на уредот, секогаш повлечете
го безбедносниот капак. Внимателното ракување со уредот ја намалува
опасноста од повреда со ножот.
c. Кабелот држете го настрана од областа на сечење. Кабелот може да се скрие
во грмушките и случајно да биде пресечен од ножевите за сечење.
d. Пред сечењето, прегледајте ја оградата да не има скриени објекти, како на
пример жичени огради.
1197935 BDA AGS 80 N.indd 82
82
10.10.12 10:27

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Verwandte Produkte für E-FLOR AGS 80N

Inhaltsverzeichnis