Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

E-FLOR AGS 80N Bedienungsanleitung Seite 81

Inhaltsverzeichnis

Werbung

При користењето на уредите мора да се запазат одредени безбедносни
прописи за да се спречат повреди и оштетувања. Затоа прочитајте
говнимателно упатството за употреба/безбедносните упатства. Чувајте ги
внимателно со цел информациите да ви стојат на располагање во секое
време. Ако го дадете уредот на други лица, дадете им го и упатството за
употреба/безбедносните упатсва. Не преземаме одговорност за несреќи
или штети кои настанале како резултат на непочитувањето на ова упатство
или на безбедносните упатства.
Општи безбедносни упатства
Внимание! Прочитајте ги следниве упатства. Непочитувањето на подолу наведените
упатства може да предизвика електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Подолу
употребениот поим „електрична алатка„ се однесува на електрични алатки со
погон на електрична струја (со електричен кабел) и на електрични алатки со погон
на акумулаторска батерија (без мрежен кабелl).
Чувајте ги добро овие упатства!
1. Работно место
a. Работната област да биде чиста и добро осветлена. Нередот и неосветлената
работна област може да доведат до повреди.
b. Не го користете уредот во околина во која што постои опасност од
експлозија, односно во која што се наоѓаат запалливи течности, гасови или
честички. Од електричните алатки излегуваат искри кои што може да ги запалат
честичките или пареата.
c. Бидете оддалечени од деца и други лица додека ја користите
електричната¬алатка. Ако ви го одвлечат вниманието може да изгубите
контрола врз уредот.
2. Електрична безбедност
a. Приклучокот на уредот мора да биде соодветен за дозната. Приклучокот не
смее да се промени на ниту еден начин. Не користете приклучок со адаптер
заедно со заземјени уреди. Непроменетиот приклучок и соодветните дозни го
намалуваат ризикот од електричен удар.
b. Избегнувајте контакт со заземјени површини, како цевки, парно,
електричен шпорет и фрижидер. Постои поголем ризик од електричен удар
ако вашето тело е заземјено.
c. Уредот држете го настрана од дожд или влага. Навлегувањето на вода во
електричниот уред го зголемува ризикот од елкетричен удар.
d. Не ја менувајте намената на кабелот за да го носите уредот, да го закачите
или за да го извлечете приклучокот од дозната. Кабелот држете го настрана
од топлина, масло, остри рабови или од подвижните делови на уредот.
Оштетениот или замрсениот кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
1197935 BDA AGS 80 N.indd 80
80
10.10.12 10:27

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Verwandte Produkte für E-FLOR AGS 80N

Inhaltsverzeichnis