Herunterladen Diese Seite drucken

Ferm BJM1009 Übersetzung Der Originalbetriebsanleitung Seite 121

Präzisionsnutenfräser 900w
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für BJM1009:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
Никогаш да не го користите
забравникот за вретено за сопирање
на моторот.
Обележување на работно парче
Сл. E
Пред стартување на бисквитната глодалка
работните парчиња мора да бидат обележани
како што следува.
Поставете две површини кои мора да бидат
поврзани, со страните за поврзување една
кон друга.
Стегнете го работното парче и обележете
го центарот на жлебот, со цртање на
вертикална линија.
За поголеми парчиња потребни се по
неколку врски. Растојанието меѓу две
повлечени линии треба да биде најмалку
10 cm.
Сечење на жлебови
Сл. F
Поставете ја и проверете ја резната
длабината.
Поставете го аголот.
Поставете ја висината, внимавајте при
поставувањето на висината, жлебот
за бисквитната типла мора да биде во
средината на работното парче.
Осигурајте се дека работното парче е
стегнато.
Поставете ја машината врз работното парче,
означената централна линија (15) мора
да биде во линија со исцртаната линија на
работното парче.
Држете ја машината со две раце и вклучете
ја.
Внимателно туркајте ја основата на моторот
напред, што е можно повеќе.
Поместете ја основата на моторот назад и
исклучете ја машината.
За парчиња потенки од 16 mm не
може да се сече жлеб во средината на
парчето, без додавање на плоча за
дотерување испод работното парче
(сл. G).
Спојување на работни парчиња
Кога се направени жлебови и во двете
парчиња, парчињата можат да се спојат.
Ставете лепило во двата жлеба.
Поставете бисквитна типла во жлебот од
едното парче.
Поставете го другото парче во бисквитната
типла.
Стегнете ги парчињата и чекајте да се
исуши лепилото.
Корисни совети за поврзување на две
работни парчиња
Исечете жлеб голем колку бисквитот во
првото парче.
Поставете го бисквитот со лепило (според
материјалот) во жлебот.
Исечете подолг жлеб во другото парче.
Сега и двата дела можат лесно да се
позиционираат еден во однос на друг (зјај за
корекција).
Стегнете ги парчињата и чекајте да се
исуши лепилото.
Движете ја машината во истата
насока со насоката на ротација.
Видете ја стрелка на горниот дел од
машината.
Фино дотерување на резна длабина
Сл. B
Кога резната длабината не е точна, таа се
дотерува на следниот начин.
Поместете ја основата на моторот (3) колку
што е можно наназад.
Отстегнете ја навртката на завртката за
фино дотерување, држејќи ја завртката во
положба, со помош на одвртувач.
Зголемете ја резната длабина со лево
вртење на завртката (10).
Намалете ја резната длабина со десно
вртење на завртката (10).
Повторувајте ја постапката додека не
добиете точна резна длабина.
Стегнете ја навртката на завртката за фино
дотерување (10) држејќи ја завртката во
положба со помош на одвртувач.
121

Werbung

loading