Herunterladen Diese Seite drucken

Вклучување И Исклучување - Ferm BJM1009 Übersetzung Der Originalbetriebsanleitung

Präzisionsnutenfräser 900w
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für BJM1009:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
Дотерување на резен агол
Сл. A + G
Резниот агол може да се постави на следниот
начин:
Отпуштете го копчето за дотерување на
аголот (6) вртејќи го налево.
Поставениот агол е прикажан на скалата
(21) под копчето (6).
По поставувањето на потребниот агол,
стегнете го копчето (6), вртејќи го надесно.
Дотерување на висина која одговара на
дебелината на материјалот
Сл. B
Резната висина може да се постави на
следниот начин:
Отпуштете го копчето за дотерување на
висина (8) вртејќи го налево.
Поставената висина е прикажана на скалата
и стрелката (22).
По поставувањето на потребниот агол,
стегнете го копчето (8), вртејќи го надесно.
Висината мора да одговара на половината од
дебелината на работното парче, жлебот за
бисквитната типла секогаш мора да биде во
средината на работното парче.
4. МОНТАЖЕН ПРИБОР
Пред монтирање на прибор,
извлечете го кабелот од струја.
Како се менува листот на пила
Машината е испорачана со монтиран
лист на пила.
Сл. C и D
Свретете ја машината и извадете ги 4
завртки од долната плоча, со помош на
одвртувач (не е вклучен).
Извадете ја долната плоча (20).
Притиснете го забравникот за вретено (5) и
вртете го вретеното додека не се забрави.
Држете го вретеното забравено за време на
постапката.
Извадете ја навртката со прирабница (17) од
вретеното, со помош на клуч (14) и свртете
ја налево.
120
Поставете го листот (18) врз прирабницата
(17).
Внимавајте стрелката на листот да ја
покажува истата насока со стрелката од
внатрешноста на куќиштето.
Поставете ја навртката со прирабница (17)
на вретеното и стегнете ја со клуч.
Внимавајте на навртката со прирабница (17)
да биде правилно поставена: Страната со
прстенот мора да се вклопи во насадниот
отвор на листот, рамната страна мора да
биде нагоре.
Ослободете го забравникот на вретеното
и со вртење проверете дали е одбравено
вретеното.
Монтирајте ја долната плоча (20) и стегнете
ги 4 завртки.
Проверете дали е безбедно
затворена горната страна од
основната плоча пред да работите
со машината.
Монтажа на вреќа за прашина
Сл. A
За одведување на прашина може да се
користи вреќа за прашина (13). Поврзете го
адаптерот за одведување на прашина (12)
со машината, а потоа поврзете ја вреќата
(13) со адаптерот.
Редовно празнете ја вреќата за да останат
непроменети перформансите за усисување.
Ако користите правосмукалка, таа може да
биде директно поврзана со адаптерот за
одведување на прашина.
5. РАКУВАЊЕ
Никогаш не го користите
забравникот за вретено додека
машината работи.
Вклучување и исклучување
Сл. A
За вклучување турнете го прекинувачот (1)
нанапред.
За исклучување, притиснете го
прекинувачот (1), кој автоматски ќе се
помести во „off" положба.

Werbung

loading