Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIM Professional 60 Originalbetriebsanleitung Seite 116

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIM Professional 60:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2461-001.book Page 116 Monday, April 20, 2015 4:52 PM
116 | Македонски
 Одржувајте ја чистотата на површините на
поставување и контактните површини на мерниот
уред. Заштитете го мерниот уред од потреси и удари.
Честичките нечистотија или деформациите може да
доведат до погрешно мерење.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот
уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред,
пред да го употребите за работа, секогаш извршете
контрола на точноста (види „Проверка на точноста на
мерењето", страна 117).
Вклучување/исклучување
За да го вклучите одн. исклучите мерниот уред, притиснете
на копчето за вклучување-исклучување „ON/OFF" 9.
Доколку за 30 мин не се притисне некое копче на мерниот
уред или косината на мерниот уред не се промени за
повеќе од 1,5 ° , тогаш мерењето на косини и екранот
автоматски се исклучуваат заради одржување на
батеријата.
Менување на мерната единица (види слика A)
Во секое време може да ги менувате мерните единици „°",
„%" и „mm/m". За тоа, притискајте го копчето за промена на
мерните единици 8, додека не се појави саканата мерна
единица на приказот b/c. Актуелната измерена вредност
автоматски ќе се пресмета.
При исклучување и вклучување на мерниот уред,
поставката на мерната единица останува зачувана.
Вклучување/исклучување на сигналниот тон
Со копчето сигнален тон 7 може да го вклучувате и
исклучувате сигналниот тон. При вклучен сигнален тон, на
екранот се појавува приказот g.
Кога ќе го вклучите мерниот уред, тонскиот сигнал
стандардно е вклучен.
Приказ на измерената вредност и помош при
израмнување
Измерената вредност се ажурира при секое движење на
мерниот уред. По поголеми движења на мерниот уред,
почекајте со читањето на измерената вредност, додека не
стане непроменлива.
Во зависност од положбата на мерниот уред, измерената
вредност и мерната единица ќе се прикажат на екранот
свртени за 180°. Притоа приказот се чита и при работење
на плафон.
Мерниот уред покажува преку упатствата за израмнување a
на екрнаот, во која насока мора да се заврти, за да се
постигне целната вредност. При стандардните мерења,
целната вредност претставува хоризонтала доносно
вертикала, во функцијата „Hold/Copy" зачувана мерна
вредност.
Доколку се постигне целната вредност, стрелките на
помошта за израмнување a се гаснат и при вклучен
сигнален тон се слуша трајниот тон.
Мерни функции
Задржување/пренос на измерена вредност
Со копчето „Hold/Copy" 11 може да контролирате две
функции:
– Задржување („Hold") на една измерена вредност, дури и
кога мерниот уред дополнително се поместува (напр.
бидејќи мерниот уред е во позиција, каде екранот е
тешко читлив);
– Пренесување („Copy") на измерена вредност.
Функција „Hold":
– Притиснете го кратко копчето „Hold/Copy" 11.
Актуелната мерна вредност e се задржува на екранот и
се зачува, индикаторот „H" трепка.
– Притиснете го копчето „Hold/Copy" 11 одново, за да се
заврши функцијата „Hold". Зачуваната вредност се
брише. Нормалното мерење се продолжува.
Функција „Copy":
– Притиснете го долго копчето „Hold/Copy" 11.
Актуелната вредност e се копира и индикаторот „H"
постојано ќе се појавува на екранот.
– Притиснете го кратко копчето „Hold/Copy" 11.
Зачуваната мерна вредност e се прикажува на екранот и
индикаторот „H" трепка.
1 609 92A 11S | (20.4.15)
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gim professional 120

Inhaltsverzeichnis