за одреден вид акумулаторска батерија, постои опасност од пожар ако тој се
користи за други акумулаторски батерии.
b. За електричните алатки користете ги само акумулаторските батерии кои се
предвидени за нивната употреба. Користењето други акумулаторски батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
c. Акумулаторската батерија која што не ја користите, држете ја настрана
од хефталици, монети, клучеви, игли, шрафови или други мали метални
предмети коишто можат да предизвикаат премостување на контактите.
Краткиот спој помеѓу контактите на акумулаторската батерија може да
предизвика изгореници или пожар.
d. При погрешна употреба може да истече течност од акумулаторската
батерија. Избегнувајте контакт со неа. Во случај на контакт исплакнете со
вода. Ако течноста навлезе во очите, дополнително побарајте лекарска
помош. Течностите кои истекуваат од акумулаторската батерија може да
предизвикаат иритација на кожата или изгореници.
e. Не користете оштетени или изменети акумулаторски батерии. Оштетените
или изменетите акумулаторски батерии може да работат непредвидено и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност за повреди.
f. Не изложувајте ја акумулаторската батерија на оган или превисоки
температури. Пожарот или температурите над 130 °C може да предизвикаат
експлозија.
g. Следете ги сите упатства за полнење и никогаш не полнете ја
акумулаторската батерија или батериската алатка поинаку од упатствата.
Погрешното полнење или полнењето надвор од дозволениот температурен
опсег може да предизвика оштетување на акумулаторската батерија и да го
зголеми ризикот за пожар.
6. Сервисирање
a. Поправките на електричната алатка да се вршат од страна на квалификуван
стручен персонал и со оригинални резервни делови. На тој начин се
гарантира безбедноста на електричната алатка.
b. Никогаш не одржувајте оштетена акумулаторска батерија. Сето одржување
на акумулаторската батерија треба да го изведува само производителот или
овластена сервис.
7. Безбедносни упатства за реципроцитетни пили
Држете ја електричната алатка за изолираните делови на рачката кога
вршите работи кај кои алатката за вградување може да дојде во контакт со
скриени струјни врски или сопствениот електричен кабел. Контактот со линија
која спроведува напон може да ги стави под напон металните делови на уредот и да
доведе до електричен удар.
Прицврстете и обезбедете го предметот за обработка со употреба на сила или
поставете го на друг начин врз стабилна подлога. Кога предметот за обработка
го држите со рака или е потпран на друг дел од телото, тој е нестабилен и може да
излезе надвор од контрола.
1293159 BDA_AKKU_Sä b elsä g e_18 V-RSS CPF.indd 82
1293159 BDA_AKKU_Sä b elsä g e_18 V-RSS CPF.indd 82
82
10.08.23 15:37
10.08.23 15:37