Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Villager Quix Originale Gebrauchsanweisung Seite 261

Inhaltsverzeichnis
Одржување
Потребно е од време на време да се чисти косилката после работа.
Некои делови е потребно да се заменат бидејќи се оштетуваат. Пред сервисирање
или одржување, исклучете го уредот.
Кога е неопходно, избришете го уредот со влажна крпа. Не користете раствори.
Никогаш не користете бензин, разредувачи, алкохол или нешто слично. Може да
дојде до појава на деформации, обезбојување или пукнатини.
Одржување на острината
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред чистење, поставување или замена на сечилата, исклучете
ја косилката и ставете заштитни ракавици.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога ги монтирате новите сечила, задолжително заменете ги
сите сечила. Не е задолжително менувањето на сите завртки доколку се во добра
состојба. Доколку завртките се оштетени или не е можно да се монтираат, користете
нови завртки за да ги монтирате сечилата. Тоа е важно за одржување на
затегнатоста на сечилата и балансирање на подвижната основа со сечила. Доколку
не ги користите новите сечила, може да дојде до сериозни повреди.
Секое сечило може да се користи до 2 месеци кога е програмирано да коси секој
ден. Постојано проверувајте ги сечилата дали се пукнати или на некаков начин
оштетени и ако се, заменете ги. Кога сечилата се тапи или оштетени, потребно е да
се заменат со резервните сечила што се испорачани со косилката.
Пред да ги менувате сечилата, исклучете го напојувањето и ставете ги заштитните
ракавици.
ВАЖНО: Откако ќе го завртите сечилото, погрижете се сечилото да е способно
слободно да се движи.
Одржување на уредот во чиста состојба
Предупредување: Пред чистењето, исклучете ја косилката. Пред да започнете со
чистење на ротирачкиот диск со сечила, ставете ракавици. Можете да користите
вода под низок притисок (<1 MPa).
Напомена: Не користете висок притисок за чистење или перење на косилката.
Напомена: Не ги перете внатрешните делови на роботската косилка, за да не се
оштетат електричните или електронските делови.
Напомена: Не потопувајте ја делумно или целосно косилката во течност или вода,
може да се оштети.
32
Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis