Herunterladen Diese Seite drucken

Whirlpool WHBS92FLTK Betriebsanleitung Seite 90

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 31
мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до
презагревање на маслото и пламнување. • Во случај на сомневање,
консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал
со слични квалификации.
Внимание! Не користете со програматор, тајмер, посебен далечински
управувач или кој било друг уред што се активира автоматски.
• Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење
и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50 cm за електричните
апарати за готвење и 65 cm за гасните или комбинираните апарати за
готвење.
Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат
поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.
Чувајте ги децата помали од 3 години подалеку од апаратот. Без постојан
надзор од возрасен, чувајте го апаратот подалеку од дофат на деца под 8-
годишна возраст.
ВНИМАНИЕ: Апаратот не е наменет за ставање во функција со помош на
надворешен уред или посебен далечински систем.
Овој апарат не е наменет за професионална употреба. Не го користете
апаратот на отворено.
За да се избегне ризикот од телесна повреда, апаратот мора да го
ракуваат и монтираат две или повеќе лица.
Монтажата, вклучувајќи ги сите приклучоци за водоснабдувањето (ако е
обезбедено) и електричните приклучоци, како и поправките мора да ги врши
квалификуван персонал.
Откако ќе заврши монтирањето, чувајте го материјалот од амбалажата
(пластичните делови, полистирен, итн.) подалеку од дофат на деца за да
избегнете ризик од задушување.
Не користете го апаратот кога сте мокри или со боси стапала.
Никогаш не користете апарати за чистење со пареа – ризик од струен удар.
Материјалот за амбалажа може да се рециклира 100 % и е означен со симболот за рециклирање
Апаратот може да има различна естетика во однос на тоа како што е покажано во сликите од ова упатство,
но сепак упатствата за употреба, одржувањето и упатствата за инсталирање остануваат исти.
Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние
одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар
предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата
вклучени во овој прирачник. Апаратот е наменет исклучиво за домашна
употреба за готвење на храна и вшмукување на пареите од самото готвење.
Не е дозволена друга употреба (на пр. загревање на простори).
Производителот одбива секаква одговорност за несоодветна употреба или
неправилни поставки на командите.
● Прочитајте ги внимателно упатствата: овде има важни информации за
монтирањето, за употребата и за безбедноста.
● Не вршете електрични измени на апаратот.
● Пред да почнете со монтирање на апаратот проверете да не се оштетени
компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не
83

Werbung

loading