надолу на рачката на алатот, повеќе не отстапуваат
странично.
– Држете го куќиштето на ласерот (57) во оваа позиција
и повторно затегнете ги завртките за
прицврстување (56).
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (10).
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Хоризонтално подесување на агломерот (види
слика U)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (14) до жлебот (22) за 0°.
Лостот (19) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка
Агломерот (58) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (23).
Подесување
– Олабавете ја завртката (59) со крстест одвртувач и
центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Израмнување на агломерот (вертикално) (види
слика V)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Олабавете го тркалото за стегање (45).
– Извлечете го лостот за блокада (46) нанадвор и
поставете вертикален агол на закосување со рачката
на алатот од 0°.
– Отпуштете го лостот за блокада (46). Лостот за
блокада мора осетно да се вклопи во позицијата
– Повторно затегнете го тркалото за стегање (45).
Проверка
Агломерот (30) мора да биде во една линија со 0°-
ознаката на скалата (29).
Подесување
– Олабавете ја завртката (60) со крстест одвртувач и
центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.
Транспорт на електричниот алат (види
слика W)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање (1), доколку таа
е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно
Bosch Power Tools
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина (39) е
навален сосема наназад и завртката за
подесување (38) при движењето на рачката на алатот
не се допира.
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат. Ставете
ги неискористените сечила за пила во затворена
кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
– Поставете ја транспортната дршка (3) вертикално.
– Електричниот алат носете го со транспортната
рачка (3) или фатете го за жлебовите за држење (61)
странично на масата за пила.
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди или основите на делот за
обработка.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (13).
Мерки за намалување на бучавата
Мерки на производителот:
– Фин старт
– Испорака со сечило за пила специјално развиено за
намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
– Монтажа без многу вибрации на стабилна работна
површина
– Примена на сечила за пила со функција на
намалување на бучавата
– Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот
алат
Македонски | 293
1 609 92A 8HY | (24.03.2023)