Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GKS 10,8 V-LI Professional Originalbetriebsanleitung Seite 184

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GKS 10,8 V-LI Professional:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
184 | Македонски
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
 Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
 Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
1 609 92A 14P | (10.2.15)
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за тркалезни пили
Постапка на сечење
 ОПАСНОСТ: Не посегнувајте со дланките во полето
на работа со пилата или листот на пилата.
 Не посегајте под делот што се обработува. Доколку
заштитната хауба е под делот што се обработува, нема
да може да ве штити од листот за пилата.
 Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, смее да се види помалку од полната
висина на запците.
 Делот што се обработува никогаш не го држете во
рака или над ногата. Зацврстете го делот што се
обработува на стабилен прифат. Важно е, добро да го
зацврстите делот што се обработува, за да ја сведете на
минимум опасноста од телесен контакт, заглавување на
листот на пилата или губење на контролата.
 Држете го електричниот апарат за изолираните
површини на рачките, доколку вршите работи каде
алатот што се вметнува може да наиде на скриени
електрични кабли. Контактот со електрични
спроводници ги става и металните делови од
електричниот апарат под напон и води до електричен
удар.
 При должинско сечење секогаш употребувајте
граничник или аголна водилка. Ова ја подобрува
прецизноста при сечење и ја намалува можноста да се
заглави листот на пилата.
 Секогаш користете листови за пила во правилна
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр.
со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за
пила, што не одговараат на монтажните делови на
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
 Никогаш не употребувајте оштетени или погрешни
подлошки или шрафови за листот за пилата.
Подлошките или шрафовите за листот на пилата се
специјално конструирани за вашата пила, за оптимална
јачина или работна безбедност.
 Последици од повратни удари – и соодветни
безбедносни напомени
– повратниот удар е ненадејна реакција поради
закачен, заглавен или погрешно насочен лист од
пилата, што доведува до тоа пилата неконтролирано да
се подигне и да излезе од делот што се обработува и да
се придвижи во правец на лицето што ја користи;
– доколку листот на пилата се закачи или заглави во
резниот процеп, се блокира, и моторната сила ја враќа
пилата во правец на лицето што ја користи;
Bosch Power Tools

Werbung

loading