Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch AHS Serie Originalbetriebsanleitung Seite 140

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
OBJ_BUCH-1549-006.book Page 140 Tuesday, May 30, 2017 10:04 AM
140 | Македонски
ракување со машината го намалува ризикот од
повреда.
 Машината чувајте ја само на изолирани површини,
бидејќи сечилото може да дојде во контакт со
скриени жици или со сопствениот кабел. Ако
електричните ножици дојдат во контакт со жица низ која
тече струја, може да дојде до електричен удар.
 Кабелот чувајте го подалеку од местото на сечење.
Во процесот на работа внимавајте случајно да не ги
пресечете жиците што се можеби скриени во
грмушките.
Дополнителни сигурносни напомени
 Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на машината од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат со машината.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
 Додека ја користите машината, во круг од најмалку
3 метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на
машината е одговорен за безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
 Никогаш не држете ја машината за сечилото.
 Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се
запознаени со овие инструкции да ја користат
машината. Локалните прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
 Не користете ја машината кога во близина има животни,
луѓе, а особено деца.
 Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
луѓе или имот.
 Не користете ја машината боси или со отворени
сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се
препорачува носење на заштитни ракавици, очила и
обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто
може да биде заплеткан во подвижните делови.
 Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да ги
шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други
предмети.
 Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено или
истрошено сечилото, носачот на сечилото или
склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено
или истрошено сечило.
 Проверете го напојниот/продолжниот кабел и заменете
го доколку има оштетувања. Заштитете го напојниот/
продолжниот кабел од топлина, масла и остри рабови.
 Дознајте како да ја запрете машината во итен случај.
F 016 L81 738 | (30.5.17)
 Шишајте само по дневна светлина или под добро
осветлување.
 Никогаш ме употребувајте ги ножиците со расипани
или немонтирани штитници.
 Пред да почнете со шишање проверете да се
монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или на
која се вршени недозволени преправки.
 Никогаш не држете ги ножиците за сечилото.
 Одржувајте рамнотежа секогаш кога шишате со
електричните ножици. Стоите на сигурно тло и посебно
внимавајте кога работите на скали или падини.
 Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за
евентуалните опасности кои не ги слушате поради
бучавата на машината.
 Извлечете го кабелот од утикачот:
– пред проверка, отстранување на пречки или
одржување на електричните ножици.
– по контант со непознат предмет. Проверете уредот
да нема оштетувања и однесете го на поправка
доколку е потребно.
– ако електричните ножици почнат чудно да
вибрираат (проверете веднаш).
 Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
електричните ножици.
 Чувајте ја машината на суво, затворено место,
повисоко од подот и вон дофат на деца.
 Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги
истрошените или оштетените делови.
 Не обидувате се сами да ја поправате машината, освен
ако ја немате соодветната обука.
 Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
 Со цел за заштита од контакт со подвижното сечило,
тримерот е дизајниран со две рачки и на секоја од нив
има прекинувач. За тримерот да се вклучи, двата
прекинувачи мораат да се притиснат истовремено. Не
употребувајте го уредот ако тој работи кога е
притиснат само еден, или ниеден од двата
прекинувачи.
Безбедност од електричен удар
 Внимание! Извадете го напојниот кабел од утикач
пред да ја прегледувате или чистете машината.
Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или
сплеткан.
 По исклучувањето на електричните ножици,
сечилото продолжува да врти уште неколку
секунди. Внимание! Не допирајте го сечилото.
Вашата косачка е двојно изолирана и не и е потребно
заземјување. Работен напон е 230 V AC, 50 Hz (за не-ЕУ
земји, 220 V, 240 V, во зависност од верзијата).
Користете само одобрени продолжни кабли. Повеќе
информации околу тоа можете да добиете кај овластениот
застапник на Bosch.
Bosch Power Tools

Werbung

loading