Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GDX 18 V-180 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 142

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GDX 18 V-180 Professional:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_DOKU-60341-001.fm Page 142 Friday, November 10, 2017 2:01 PM
142 | Македонски
Користење и ракување на батерискиот апарат
 Батериите полнете ги со полначи што се
препорачани исклучиво од производителот.
Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен
вид батерии, го користите со други батерии, постои
опасност од пожар.
 Затоа користете батерии кои се предвидени за
електричниот апарат. Користењето друг вид батерии
може да доведе до повреди и опасност од пожар.
 Неупотребената батерија држете ја подалеку од
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
 При погрешно користење, може да истече течноста
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку
случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете
ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со
очите, побарајте лекарска помош. Истечената
течност од батеријата може да предизвика кожни
иритации или изгореници.
 Не користете оштетена или заменета батерија.
Оштетените или заменети батерии може да се
однесуваат непредвидливо и да доведат до пожар,
експлозија или опасност од повреди.
 Не ги изложувајте батериите на пожар или високи
температури. Пожарот или високите температури над
130 °C може да предизвикаат експлозија.
 Следете ги упатствата за полнење и никогаш не ја
полнете батеријата или алатот со батерија надвор од
наведениот температурен опсег во упатството за
користење. Погрешното полнење или полнењето
надвор од дозволениот температурен опсег може да ја
уништи батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
 Никогаш не одржувајте оштетени батерии. Сите
одржувања на батериите треба да ги врши само
производителот или овластените сервисни центри.
Безбедносни напомени за ударни одвртувачи
 Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува или шрафот може да наиде на скриени
електрични кабли. Контактот на шрафот со струјниот
кабел може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
1 609 92A 3VH | (10.11.17)
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
отшрафување на шрафови како и за зацврстување и
отшрафување на мутери во дадените граници на
димензии.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прифат на алатот
2 Чаура за заклучување*
Bosch Power Tools

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Gdr 18 v-160 professional