Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GBH 18V-36 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 424

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GBH 18V-36 C Professional:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
116 | Македонски
Батериски светилки
Искористено поле на
фреквенција
Излезна јачина
A) при максимална осветленост вкл. преостанато време во
режим на затемнување
B) Само со 18V-батерија
C) важи само при затворен и блокиран капак за батерија
D) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth®
уредите со ниска енергија (верзија 4.1) и да го поддржуваат
Generic Access Profile (GAP).
E) Опсегот може многу да варира во зависност од
надворешните услови, вклучително и приемникот што се
употребува. Во затворените простории и со метални
бариери (на пр. ѕидови, ормари, куфери итн.) опсегот на
Bluetooth® може значително да се намали.
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја.
Системски барања
Мобилен уред (таблет,
Android, iOS
A)
паметен телефон)
A) Минимални системски барања можете да најдете во App
Store на вашиот мобилен уред (на пр. Google Play или
iTunes).
Монтажа
Полнење на акумулаторска батерија (види
слика B)
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е испразнета, батериските светилки се
исклучуваат со заштитен прекинувач.
По автоматското исклучување на батериската
u
светилка не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали
е оладена батериската светилка пред повторно да ја
вклучите.
За да ја извадите батеријата (14) притиснете на
копчињата за отклучување (13) и извлечете ја батеријата
од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Активирање на копчестата батерија (види
слика B)
При првото пуштање во употреба извадете ја разделната
фолија меѓу копчестата батерија (11) и контактот за
копчести батерии.
1 609 92A 634 | (11.11.2020)
За да може батериската светилка да се лоцира и без
GLI 18V-2200 C
батерија (14) од мобилен уред, таа е опремена со
MHz
2 402–2 480
копчеста батерија.
Ослободете ја блокадата на капакот на батеријата (2) и
mW
< 2
отворете го капакот (3).
Олабавете ја завртката на поклопецот од преградата за
батерии (9) и извадете го (10).
Отстранете ја фолијата од контактот за копчести батерии
и повторно затворете го поклопецот од преградата за
батерии со завртката.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Ослободете ја бравата на капакот на батеријата (2) и
отворете го капакот (3).
Ставете ја наполнетата батерија (14) во главата на
светилката (4), додека не се вклопи и не налегне на
главата на светилката (4).
Затворете го капакот на батеријата (3), а потоа и бравата
на капакот на батеријата (2).
u
Поставување
Внимателно расклопете ја основата (5) и оставете ја
батериската светилка на подот. Внимавајте да биде
безбедно поставена.
Прицврстување на статив
Со прифатот за статив (7) може да ја зашрафите
батериската светилка на статив.
Цврсто затегнете ги завртките 5/8". Внимавајте стативот
да биде безбедно поставен.
Вртење на главата на светилката (види слика A)
Главата на светилката (4) е прицврстена на рачката за
носење (8). Главата на светилката може да се постави во
пет позиции со помош на рачката за носење.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на батериската светилка,
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1).
За да ја исклучите батериската светилка, одново
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1).
Подесување на осветленоста
Кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/
исклучување (1), за да ја вклучите батериската светилка
со максимална осветленост. За подесување на
осветленоста во 2 степени, држете го притиснат
прекинувачот за вклучување/исклучување (1), додека не
се постигне саканата осветленост.
При затворање на капакот на батеријата внимавајте
на правилно поставување на гумената трака. Инаку
нема да се загарантира заштитата од прав и прскање.
Bosch Power Tools

Werbung

loading