Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bavaria 45.123.10 Originalbetriebsanleitung Seite 65

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 45.123.10:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
6.4 Прекинувач за насока на вртење
(сл. 5/поз. 3)
Со прекинувачот на туркање преку
прекинувачот за вклучување/исклучување
можете да ја нагодите насоката на вртење на
шрафцигерот на батерии и да го обезбедите
апаратот против несакано вклучување.
Можете да бирате помеѓу движење налево
и надесно. За да се избегне оштетување
на менувачот, менувањето на насоката на
вртење смее да се извршува само во состојба
на мирување Доколку прекинувачот на
туркање се наоѓа во средна позиција, тогаш
прекинувачот за вклучување/исклучување е
блокиран.
6.5 Прекинувач за вклучување/
исклучување (сл. 5/поз. 4)
Со прекинувачот за вклучување/исклучување
можете да го управувате вртежниот момент
безстепено. Колку подалеку го туркате
прекинувачот, толку е поголем вртежниот
момент на шрафцигерот на батерии.
6.6 Склопка брзина на вртежи 1/брзина на
вртежи 2 (скица 4/позиција 7)
Во зависност од позицијата на склопката,
може да работите со поголем или помал број
на вртежи. За да се спречи оштетување на
менувачот, брзината може да се менува само
во мирување.
6.7 LED светло (скица 5/Pos. 9)
LED светлото (9) овозможува осветлување
на местото на заштрафување и дупчење
при неповолно светло. LED светлото (9)
светнува автоматски кога ќе го притиснете
прекинувачот за палење и гаснење (4).
6.8 Покажувач на капацитетот на
батеријата (скица 5/позиција 10)
Со притискање на прекинувачот за палење и
гаснење (4), покажувачот на капацитетот на
батеријата (10) го сигнализира моментниот
статус на полнење со помош на 3 LED светла.
Светат сите 3 LED сијалички:
Батеријата е целосно наполнета.
Светат 2 или 1 LED сијаличка:
Батеријата е доволно наполнета.
Свети 1 LED сијаличка:
Батеријата е празна. Наполнете ја батеријата.
Anl_BCD_12_2_Li_SPK4.indb 65
Anl_BCD_12_2_Li_SPK4.indb 65
MK
Светат сите LED сијалички:
Полнењето повеќе не е можно. Батеријата
е неисправна. Дефектните батерии не
може повеќе да се користат и да се полнат.
Извадете ја батеријата од полначот.
6.9 Замена на алат (слика 6)
Внимание! При вршење какви било
активности (на пример замена на алат;
одржување итн.) на шрафцигерот на батерии,
прекинувачот за насоката на вртење (3)
поставувајте го во средна позиција.
Одвртете ја навлаката за бургии (2).
Отворот на навлаката за бургии (a) мора
да е доволно голема за да може да го
прими алатот (бургијата или врвот).
Одберете го соодветниот алат. Ставете го
алатот во отворот од навлаката (а) колку
што е можно.
Завртете ја навлаката (2), а потоа
проверете дали алатот лежи стегнато.
6.10 Навртки
Најдобро употребувајте навртки со
самоцентрирање (на пример торкс, крос-
шлиц), коишто обезбедуваат сигурна работа.
Внимавајте на тоа, употребуваниот врв
и навртката да се совпаѓаат по однос на
формата и големината. Извршете нагодување
на вртежниот момент согласно големината на
навртката, како што е опишано во упатството.
7. Чистење, одржување и нарачка
на резервни делови
Опасност!
Пред секаков вид активности за чистење
извадете го утикачот.
7.1 Чистење
Одржувајте ги заштитните уреди,
воздушните отвори и куќиштето на
моторот што е можно почисти од прашина
и нечистотија. Избришете го апаратот со
чиста крпа или издувајте го со воздух под
притисок при низок притисок.
Ви препорачуваме да го чистите апаратот
директно по секоја употреба.
Чистете го уредот редовно со влажна
крпа и малку сапун за подмачкување.
Не употребувајте средства за чистење
или растворање, тие би можеле да
ги нагризаат деловите на апаратот
- 65 -
13.04.2018 09:41:14
13.04.2018 09:41:14

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Bcd 12/2 li

Inhaltsverzeichnis