Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GDS 24 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 131

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GDS 24 Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува
по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој
период, затезниот вртежен момент се зголемува
минимално.
Притоа осетно се загрева куќиштето на погонот.
Напомена: Последиците од прекумерно загревање се
висока изабеност на сите делови на ударниот механизам
и потреба од голема количина на средство за
подмачкување.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
вртежен момент клуч.
Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина
или меко лежиште
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
кривата одговара на максималниот постигнат вртежен
момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
– Цврстината на завртките/навртките
– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува
– Подмачканост на завртките
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве
видови на примена:
– Цврсто лежиште при навртување метал на метал со
користење на подлошки. Максималниот вртежен
момент се постигнува по релативно кратко време на
удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време
на удари ѝ штети на машината.
– Лежиште со пружина при навртување метал на метал,
при користење на прстенести пружини, подлошки,
болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како
и при користење на продолжетоци.
– Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво
или при користење на оловни или фибер дискови како
подлога.
При лежиште со пружина одн. меко лежиште
максималниот вртежен момент на прицврстување е
помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно
значително подолго време на удари.
Одредување на времето на удирање
Дијаграмите (примерите) го прикажуваат затезниот
вртежен момент [Nm] во зависност од траењето на
ударот [s]:
❶ за тврдо седиште
❷ за меко седиште.
Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките
Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број
на триења μ
 = 0,12). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со момент клуч.
вк.
Bosch Power Tools
Податоците се средни вредности и се разликуваат во
зависност од случајот на употреба. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
момент клуч.
Дијаграм за GDS 24
[Nm]
Највисокиот вртежен момент ќе се постигне:
– за тврдо седиште по околу 10 секунди траење на удар
– за меко седиште по околу 22 секунди траење на удар
Дијаграм за GDS 30
[Nm]
Највисокиот вртежен момент ќе се постигне:
– за тврдо седиште по околу 6 секунди траење на удар
– за меко седиште по околу 26 секунди траење на удар
Референтните вредности за максималниот затезен
вртежен момент на обични завртки може да ги дознаете
од следната табела.
Македонски | 131
1
2
[s]
1
2
[s]
1 609 92A 7YG | (30.06.2022)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gds 30 professional

Inhaltsverzeichnis