Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM12 SDE Professional Originalbetriebsanleitung Seite 342

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM12 SDE Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Подесување (види слика W2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (66) со обичен прстенест или вилушкаст
клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор (66) додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затезниот лост (8).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (66).
Ако агломерот (44) и (5) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (4), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°.
Рачката (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика X1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
(1) и сечилото за пила (49) на масата за пила (20).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (49).
Подесување (види слика X2)
– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (67)
со клуч со внатрешна шестаголна глава (4 mm) (39) и
свртете ја масата за пила (20) заедно со скалата (28),
додека кракот на агломерот не лежи рамно по целата
должина на сечилото за пила.
– Повторно затегнете ги завртките.
Доколку по подесувањето агломерот (26) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (28), олабавете ја
завртката (68) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Транспорт (види слика Y)
Пред транспортот на електричниот алат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање (6), доколку таа
е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина (42) е
навален сосема наназад и завртката за
подесување (41) при движењето на кракот на алатот
минува низ отворот без да го допре граничникот за
длабочина.
– Вметнете ги продолжетоците на масата за сечење
целосно навнатре и фиксирајте ги.
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Bosch Power Tools
– Ставете ги неискористените сечила за пила во
затворена кутија, доколку сакате да ги
транспортирате.
– Врзете го струјниот кабел со лепливата лента (69).
– Електричниот алат носете го со транспортната
рачка (11) или фатете го за жлебовите за држење (30)
странично на масата за сечење
За транспортирање на електричниот алат,
u
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи
слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу
осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде
чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (17).
Мерки за намалување на бучавата
Мерки на производителот:
– Фин старт
– Испорака со сечило за пила специјално развиено за
намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
– Монтажа без многу вибрации на стабилна работна
површина
– Примена на сечила за пила со функција на
намалување на бучавата
– Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот
алат
Опрема
Столарска стега
Плочи за вметнување
Ќеса за прав
Сет за прицврстување за сечење на
плафонски лајсни
Autogoods "130"
Македонски | 341
Број на дел
1 609 B02 585
1 609 B04 724
1 609 B05 010
1 600 A01 4LX
1 609 92A 5U9 | (20.10.2020)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis