Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GWS 18V-10 P Professional Gebrauchsanleitung Seite 270

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
270 | Македонски
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
u
„Напомени за статика ".
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
u
налегнува сигурно со својата тежина.
По силното оптоварување, оставете го
u
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
Електричниот алат не го користете со држач за
u
сечење.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Доколку електричниот алат се полни електростатички,
инсталираната електроника го исклучува електричниот
алат. За ставање во употреба на електричниот алат,
најпрво притиснете ја нанапред рачката за ослободување
(7) и потоа притиснете го нагоре прекинувачот за
вклучување/исклучување (6).
Совети при работењето
Грубо брусење
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
u
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
Површинско брусење со ламелеста брусна плоча
При брусење со ламелеста брусна плоча секогаш
u
користете ја заштитната хауба за брусењето (11).
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Површинско брусење со брусен диск
При работењето со гумен диск за брусење (24)
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (23).
Брусењето со брусен диск може да се изврши без
заштитна хауба.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Навртете ја тркалезната навртка (26) и затегнете ја со
клуч со два отвори.
1 609 92A 7ZS | (27.09.2022)
Лончеста четка/плочеста четка/конусна четка
При четкањето со плочеста четка секогаш
u
користете ја заштитната хауба за брусење (11).
Четкањето со лончеста четка/конусна четка може
да се изврши без заштитна хауба.
При работењето со лончеста или конусна четка
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (23).
Жиците на плочестите четки може да се заглават на
u
заштитната хауба и да се скршат ако се надминат
максимално дозволените димензии на плочестите
четки.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата/конусната/плочестата четка со навој M14
мора да се наврти на вретеното за брусење додека
цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за
брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење.
Затегнете ја лончестата/конусната/плочестата четка со
вилушкаст клуч.
Сечење на метал
При сечењето со композитни брусни средства
u
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(12).
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Сечење на камен (види слика A)
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со
лизгачки водилки (32) всисувачот на прав мора да биде
дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните всисувачи на прав.
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот.
При сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите на
најмалиот пресек.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis