Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Villager HLS 55 T Original Bedienungsanleitung Seite 161

Liegender hydraulik-holzspalter mit gittergehäuse
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 80
Villager
HLS 55 T (МК)
Избегнувајте употреба на голи, слободни и неадекватно изолирани
приклучоци. Приклучоците мораат да бидат изведени со заштитни материјали
кои се адекватни за надворешна употреба.
Избегнете електричен удар
Проверете дали е адекватно заштитено електричното коло и дали е соодветно
за струја, напон и фреквенција на моторот. Проверете дали постои приклучок
за заземјување и регулативен диференцијален прекинувач на колото
(склопка).
Заземјете го цепачот на дрва. Спречете контакт на телото со заземјените
површини како што се цевки, радијатори, рерни и фрижидери. Никогаш не
отворајте ја кутијата со копчиња на моторот. Доколку е тоа неопходно –
контактирајте квалификуван електричар.
Внимавајте да не ги допирате со прстите металните виљушки на приклучокот –
кога го вклучувате или исклучувате уредот од мрежата.
Набљудувачите и децата да се чуваат на безбедно растојание
Со цепачот треба да ракува само едно лице. Останатите лица треба да бидат
на безбедно растојание од работниот простор, особено кога работи цепачот.
Никогаш не дозволувајте да Ви помогне друго лице така што ќе ослободувате
заглавен трупец.
Прегледајте го Вашето стебло
Бидете сигурни дека нема шајки или страни тела на трупецот кој треба да се
расцепи. Краевите на трупецот мора да бидат рамно исечени, под прав агол.
Гранките мора да бидат исечени од стеблото.
Не се протегнувајте
Подот не смее да биде влажен. Цело време одржувајте ги пропишаниот став
на нозете и рамнотежа. Никогаш не стојте на цепачот на дрва. Може да дојде
до сериозно повредување доколку уредот се искоси или доколку случајно се
допре алатот за сечење. Не оставајте ништо на цепачот или во негова близина,
каде што секој може да застане на уредот за да го дофати тоа.
Избегнувајте повредување поради неочекуван несреќен случај
Секогаш максимално внимавајте на движењето на потискувачот на трупецот.
Не обидувајте се да го натоварите трупецот на цепачот – додека не застане
потискувачот (туркачот) на трупецот.
Држете ги рацете подалеку од сите подвижни делови.
5

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis