ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ ЗА ВОДА И КРПАТА
ЗА БРИШЕЊЕ
1.
Откако ќе завршите со бришење, притиснете го копчето
за ослободување на резервоарот за вода и повлечете го за
да го извадите. Откачете го држачот за крпата за бришење
така што прво ќе ја одделите од држачот и потоа извадете
ја крпата.
2.
Измијте ја крпата за бришење рачно и ТЕМЕЛНО исушете
ја. Ако така е наведено на самата крпа, може да ја перете
и во машина.
3.
Отворете го капакот и истурете ја преостанатата вода
од резервоарот. Пребришете го резервоарот за вода. Не
се препорачува изложување на сончева светлина.
MK-19
ЧИСТЕЊЕ НА СЕНЗОРИТЕ И ТРКАЛЦАТА
Пребришете ги сензорите и тркалцата внимателно и со
сува крпа, како што е прикажано на сликата.
ЧИСТЕЊЕ НА КОНТАКТИТЕ НА ПОЛНАЧОТ НА
БАТЕРИЈА
Пребришете ги контактите за полнење и на
правосмукалката-робот и на полначот со мека крпа, како што
е прикажано на сликата.
ЧИСТЕЊЕ НА ЧЕТКАТА-ВАЛЈАК
Четката-валјак може да се извади откако ќе се отвори
заштитниот капак. Потоа, може да ги отстраните евентуалните
влакна замотани околу четката со доставениот чистач за четка.
Влакната вадете ги со острото сечило во облик на „V". Измијте
ја четката со вода и исушете ја ТЕМЕЛНО.
MK-20