Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

epico Ellipse Gebrauchsanleitung Seite 15

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 19
ELLIPSE WIRELESS CAR CHARGER
КОРИСНИЧКО УПАТС ТВО
Epico магнетниот полнач за во автомобил е држач за телефон кој се прикачува на решетката
за вентилација а воедно е и безжичен полнач. Благодарејќи на силниот магнет, држачот ќе го
задржи телефонот цврсто за време на патувањето. Полначот ќе го наполни и вашиот најнов
iPhone со моќност од 7.5W, а останатите смартфони со моќност и до 15W.
Опис на продуктот
Ellipse Wireless Car Charger
Излезна моќност: 15W & 10W & 7.5W
Влезен напон/струја: 5V/2.4A, 9V/2A
Излезен напон/струја: 5V/1A, 5V/1.5A, 9V/1.2A, 9V/1.67A
Влезен интерфејс: USB-C
Материјал: легура на алуминиум, пластика
Големина: 65x100x8mm
Тежина: 90g
USB-C PD MINI CAR CHARGER
Влез: 12-24V/1.8A
Излез: 12-24V/1.8A (50-60Hz)
Максимална моќност: 18W
Материјал: ABS + PC
Големина: 43x24mm
Тежина: 12g
USB-C Кабел
Тип: USB-C на USB-C
Материјал: PVC
Должина: 1m
Тежина: 20g
Содржина на пакувањето
1x магнетен безжичен полнач за во автомобил
1x USB-C PD MINI CAR CHARGER
1x USB-C кабел
1x држач за решетката за вентилација
1x корисничко упатство
Упатство за користење
1. Поврзете го магнетниот држач со приклучокот за полнење користејќи го кабелот на
задниот дел на полначот.
2. Прицврстете го магнетниот полнач на решетката за вентилација/климатизација.
3. Поврзете го полначот со помош на USB-C кабелот до USB-C приклучокот во вашето возило.
4. Почетокот на полнењето ќе го забележите со помош на светлечките диоди кои светат
постојано за време на полнењето.
5. Земете го вашиот телефон и приближете го до предниот дел на полначот - тој автоматски ќе
го привлече со помош на силниот магнет.
Безбедносни упатства
Прочитајте ги следниве безбедносни упатства пред да го користете полначот за во автомобил.
1. Доколку ви падне телефонот поради слаба поврзаност со магнетот за време на возењето,
паркирајте и поставете го телефонот безбедно и правилно на полначот.
2. Посветете го целото ваше внимание на возењето. Ракувањето со полначот никогаш не смее
да ја загрози безбедноста при возење.
3. Не го инсталирате полначот во близина на воздушното перниче. При ослободување на
воздушното перниче може да дојде до исфрлање на полначот, кој може да ги повреди
патниците во возилото.
4. Пред почетокот на патувањето проверете дали полначот е цврсто прицврстен, за да не
дојде до олабавување и паѓање на телефонот додека возите.
Услови за работа и одржување
1. Не го користете полначот во близина на магнети.
2. Користете ги само каблите за напојување и приклучокот за напојување во пакувањето.
3. Не го изложувајте уредот на прекумерно високи или ниски температури. Работната
температура на уредот е -10 и до +55 °C.. Не го оставајте полначот во автомобил во текот на
летото.
4. Не го изложувајте полначот на влага. Влагата може да предизвика краток спој на
електричните кола и оштетување на уредот.
5. Пред чистење на уредот исклучете го полначот од струја.
6. Не користете детергенти, алкохол или други средства за чистење. Користете само чиста и
сува крпа.
7. Не го изложувајте полначот на удари или други физички оштетувања.
8. Не го расклопувајте ниту модифицирајте уредот, бидејќи тоа може да доведе до оштетување
и поништување на гаранцијата од произведувачот.
9. Држете го уредот подалеку од чипови или картички со чипови, пејсмејкери и други
магнетски уреди.
10. Доколку производот не работи, контактирајте го произведувачот.
Одрекување од одговорност
Овој безжичен полнач за во автомобил е наменет за употреба само со компатибилни
мобилни уреди. Секогаш проверувајте ја компатибилноста со уредот пред првото користење.
Производителот не сноси никаква одговорност за каква било штета на мобилниот или друг вид
уред предизвикана од неправилна употреба на овој производ.
Овој симбол на производот или во придружната документација покажува
дека производот не смее да се смета за нормален комунален отпад и мора да
се отстрани во согласност со локалните прописи.. Фрлете го овој производ
на еколошки начин. Правилното отстранување на овој производ ја штити
животната средина. За повеќе информации, контактирајте ја локалната
канцеларија за отстранување на отпад од општината, најблиската точка за
собирање или дилерот.
Овој производ е во согласност со сите основни барања на директивите на ЕУ што
се однесуваат на него.
MK

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis