Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Претставување На Производот; Опис На Производот; Намена; Испумпани Течности - Grundfos Sololift2 WC-1 Montage- Und Betriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Sololift2 WC-1:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 24
4. Претставување на производот
4.1 Опис на производот
WC-1 и WC-3 се мали, компактни станица за
автоматско кревање соодветни за пумпање
отпадна вода од домаќинствата и канализациски
систем за места во приватни живеалишта каде
што отпадните води не може да се доведат
директно до канализациските цевки со помош на
природен пад надолу.
Ако сте отсутни долг период (на пр. на одмор),
препорачување да го исклучите напојувањето со
вода на тоалетната школка што ја опслужува
единицата.
Овој производ е единица за домашна употреба.
Тоалетите поврзани со оваа единица може да се
користат како секој нормален тоалет и им е
потребно минимално одржување. Единицата ќе
работи автоматски доколку во резервоарот
влегува потребното количество вода.
Гаранцијата ги покрива само фрлената тоалетна
хартија, фекалните материи и отпадната вода.
Гаранцијата не покрива какво било оштетување
поради туѓи тела како на пр. памук, кондоми,
санитарни крпи, влажни марамчиња, храна,
влакна/коса, метални, дрвени или пластични
предмети. Растворувачите, киселините и другите
хемикалии може исто така да ја оштетат
единицата и не се опфатени со гаранцијата.
4.2 Намена
Производот е погоден само за пумпање отпадна
вода од туш кабина, биде и/или мијалник, како и
канализациска вода од тоалетна школка.
Производот е погоден само за домашна
употреба.
Примени според EN 12050-3.
Не е за јавна употреба и интензивна
комерцијална или индустриска
употреба, само за ограничен број
корисници.
Инсталација со директно поврзување со
тоалетната школка и во истата
просторија како и санитарната опрема.
Mора да има на располагање втора
тоалетна школка над нивото на
противструењето.
Производот мора да биде прицврстен на
подот за да се спречи подигнување и
вртење.
4.3 Испумпани течности
Отпадни и канализациски води од домаќинствата
што содржат тоалетна хартија и фекални
материи.
Вообичаени течности за чистење на поврзаните
апарати. pH вредност: 4-10.
Производот е наменет за испуштање млазови со
волумен од 4, 6 и 9 литри. Млаз од 4 литри е
дозволен само ако е мало количеството тврди
материи во испумпаната течност.
Производот не смее да пумпа остри
хемикалии или растворувачи. Видете во
краткиот водич.
5. Сервисирање на производот
За да се гарантира безбедно и прецизно
работење, секогаш употребувајте оригинална
дополнителна опрема од Grundfos.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Пред да започнете да извршувате
каква било работа на производот,
бидете сигурни дека напојувањето со
електрична енергија е исклучено и
дека не може ненамерно да биде
вклучено повторно.
Одржувањето и сервисирањето мора да
ги извршат специјално обучени лица и
да се изведат според локалните
регулативи.
Ако кабелот за напојување со
електрична енергија е оштетен, мора да
биде заменет од страна на
производителот, сервисна служба-
партнер на производителот или од лице
со слични квалификации.
Информации за прибор за сервисирање има на
www.product-selection.grundfos.com.
Производот мора да биде темелно
исчистен пред да се врати за
сервисирање. Во спротивно,
гаранцијата ќе биде поништена.
5.1 Сервисна документација
Документација за сервисирање има на
www.product-selection.grundfos.com.
Ако имате прашања, обратете се во најблиската
компанија на Grundfos или работилница за
сервис.
169

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Sololift2 wc-3

Inhaltsverzeichnis