Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GIC 120 C Professional Originalbetriebsanleitung Seite 128

Ortungsgerät
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GIC 120 C Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2385-001.book Page 128 Monday, March 2, 2015 10:30 AM
128 | Македонски
 Не ја изложувајте камерата за проверка на
екстремни температури или осцилации во
температурата. Напр. не ја оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата,
оставете ја камерата за проверка најпрво да се
аклиматизира, пред да ја ставите во употреба.
 Не ја користете камерата за проверка, доколку
леќата на главата од камерата 14 е замаглена.
Исклучете ја камерата за проверка, дури откако
влагата ќе испари. Инаку, камерата за проверка може
да се оштети.
 Вклучените светла 15 може да се вжештат за време
на работата. Не ги допирајте светлата, за да избегнете
изгореници.
Ставање во употреба
Ставање на микро-SD-картичката
Отворете го горниот поклопец 10 и ставете ја микро-SD-
картичката 20 до крај во слотот 11. Повторно затворете го
горниот поклопец.
Вклучување/исклучување
За вклучување на камерата за проверка притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 3. На екранот 9
накратко ќе се прикаже стартниот екран.
За исклучување на камерата за проверка, одново
притиснете го копчето за вклучување-исклучување 3.
Доколку не се притисне копче на камерата за проверка,
таа автоматски се исклучува по истекот на поставеното
времетраење (k).
Регулирање на светлата на главата на камерата
За да ја осветлите сликата на камерата на екранот , може
да ги вклучите светлата 15 на главата од камерата и да ја
регулирате светлината.
Светлината може да се подеси во 4 степени 0 %, 25 %,
50 %, 100 %).
За да ги вклучите светлата на камерата 15 и за да ја
зголемите светлината притискајте на копчето 7, додека не
се постигне саканата светлина.
 Не погледнувајте директно во светлата 15 и не ги
насочувајте истите кон други лица. Светлината на
светлата може да ги заслепи очите.
За да ја намалите светлината и за да ги исклучите светлата
на камерата 15 притискајте го копчето 7, додека не се
постигне саканата светлина одн. не се исклучат светлата.
Зголемување на сликата на екранот (зумирање)
Со кратко притискање на копчето 2 можете да ја зголемите
сликата на екранот за 1,5 или 2 пати.
Вртење на сликата на екранот (Up is Up™)
(види слика G)
Со копчето 5 свртете ја сликата, така што на горната страна
на екранот ќе се прикаже „горе".
Напомена: Ограничена функција при монтирано
огледало 25 и/или при вертикално израмнување на
кабелот од камерата 13.
1 609 92A 124 | (2.3.15)
Креирање на фотографии/видеа
Со копчето 8 префрлувајте помеѓу фото или видео режим.
Моментално поставениот режим на снимање a ќе се
прикаже на статусната лента b.
Со копчето 6 снимете фотографија во соодветниот режим
одн. стартувајте или завршете видео снимка.
Режим на галерија/режим на поставки
Со притискање на копчето 4, на копчињата 8, 7, 5 и 4 им се
доделува друга функција (согласно приказот на екранот)
(2. ниво). Користете ги овие копчиња согласно приказот
на екранот.
Со кратко притискање на копчето 4 ќе се отвори Режимот
на галерија. Со притискање на копчето 4 можете да ја
видите сликата во полна големина и со притискање на
копчето 6 да пуштите едно видео.
Со долго притискање на копчето 4 ќе се отвори Режимот
Поставки. Возможни се следните поставки:
– Репродукција на боја (црвена точка)/црно-бела
репродукција (зелена точка) (h)
– Светлина на екранот (i)
– Датум/време на часовникот (j)
– Auto-Off-функција: Времетраење на неактивноста на
камерата за проверка, по која истата се исклучува (k)
– Времетраење на осветленост на екранот (l)
– Зафатеност на меморијата/форматирање на микро-SD-
картичката (m).
Статусна лента
Статусната лента b се отвора околу 2 секунди на екранот
по секое притискање на копчињата. Таа ги покажува:
– поставениот режим на снимање (a)
– датумот/времето на часовникот
– поставеното зголемување (c)
– поставената светлина (d)
– состојбата на наполнетост на акумулаторот/батериите
(e).
Префрлање на слики и видеа
Префрлањето на слики и видеа е возможно само доколку
е ставена микро-SD-картичката 20.
Камерата за проверка може да се поврзе со помош на
микро-USB-кабел 19 со компјутер за да се префрлаат
слики и видеа.
Камерата за проверка на екранот покажува со една ознака
дека е поврзана со компјутер.
На компјутерот камерата за проверка е прикажана како
надворешен диск.
Акумулаторот на камерата за проверка не може да се
полни преку приклучокот 12.
Приклучете микро-USB-кабел за пренос на податоци
Отворете го горниот поклопец 10 и ставете го правилно
микро-USB-кабелот 19 во приклучокот 12.
По преносот на податоци извадете го микро-USB-кабелот
и повторно затворете го горниот поклопец.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis